
Македонија
Вести
УЈП ги чека измените на Законот за Управа за јавни приходи со кои ќе се овозможи да ги гледа банкарските сметки со цел да има точни податоци пред пополнетата годишна даночна пријава.
Со ова управата се амнестираше од можна одговорност при празнењето на банкарските сметки од страна на поранешниор премиер Никола Груевски.
Ова го истакна директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во одговор на новинарско прашање, дали УЈП забележала и алармирала некоја друга институција дека поранешниот премиер Никола Груевски пред околу два месеца ги испразнил неговите банкарски сметки.
Лукаревска потенцираше дека УЈП не е истражен, туку даночен орган и неговата работа е да ги спроведува и да ги унапредува даночните цели.
Нашата цел во делот на овие измени е да постапуваме во сегментот на даночните цели. Во моментов ние немаме таква надлежност да можеме да гледаме банкарски сметки, туку имаме можност по наши направени анализи да побараме од други сродни институции да утврдат одредена состојба. Тенденцијата на УЈП во делот на банкарските сметки е да ги види приходите на физичките лица. Нас не не интересира кој колку потрошил или кој, каде и што купил. Нас не интересираат приходите на секое физичко лице за да успееме да му доставиме на верификување или на корегирање точни податоци во претпополнетата годишна даночна пријава. Нашата основна задача е да се грижиме за наплатата на даноците и да поседуваме веродостојни податоци. – рече Лукревска.
На прашањето дали побарале од институциите да ги проверат информациите за банкарските сметки на поранешниот премиер, Лукаревска рече дека согласно Законот за даночна постапка што важи во моментов станува збор за даночна тајна и затоа, посочи, не би сакала да шпекулира со било какви дополнителни информации.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.