
Македонија
Вести
Најблиските потврдија дека пронајденото тело на починато женско лице, кое било заглавено во гранки во водите на реката Вардар во с.Таор, општина Зелениково, е на Лидија Трајковска.
Нејзиниот брат Александар Јоциќ и нејзината сестра Билјана се огласија во медиумите.
„Сакаме да ја информираме јавноста дека е пронајдено телото на нашата сестра Лидија. Засега тоа е единствениот официјален податок кој го имаме, не знаеме како и од што починала, кога ќе имаме официјални новости од надлежните служби, ќе ги соопштиме за јавност“, раскажувата тие за „Фокус“.
Вели дека сите се потресени.
„Истовремено, му благодариме на Бога што ни ја врати назад, барем да ја погребаме достоинствено. Периодот на неизвесност кој го минавме, а и ова кое се случува сега, никому не го посакуваме. Премногу е тешко“, велат тие.
Погребот е денеска во 13 часот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.