Рускиот бизнисмен, пред речиси една недела испрати соопштение до јавноста, преку кое ги извести фановите на Вардар, дека за жал повеќе нема да го финансира „црвено-црниот“ клуб.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 април, 2019 19:06

Фановите нема да го остават ВАРДАР на цедило: Отворена жиро сметка за донации! (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По најавата на првиот човек на Вардар, Сергеј Самсоненко дека го напушта клубот, сега и официјално од денеска, е отворена жиро сметка за спас на македонскиот ракометен шампион.

Официјално отворената жиро сметка за собирање средства за спас на РК Вардар

Рускиот бизнисмен, пред речиси една недела испрати соопштение до јавноста, преку кое ги извести фановите на Вардар, дека за жал повеќе нема да го финансира „црвено-црниот“ клуб. По оваа вест, навивачите не можеа да дозволат најдобриот ракоемтен клуб во Македонија да отиде во заборав, и решија да се обединат. Тие најавија повеќе акции за спас на клубот кој нема да биде оставен на цедило, а прво беа отворени две жиро сметки за спас на клубот.

Двете сметки се отворени, денарска и девизна, и на нив фановите и сите поддржувачи на клубот Вардар ќе можат да ги донираат средства за клубот, кој донесе многу солзи радосници, многу насмевки и пехари на македонската јавност.

И на двете сметки може да донираат сите оние кои го сакаат РК Вардар, и се чувствуваат горди на неговите успеси. Па сите кои сакаат и натаму Македонија да има голем европски и светски бренд во ракомет може да уплатат финансиски средства. Сепак започнувањето на оваа иницијатива ветува многу, и по секако оваа акција е доказ дека РК Вардар нема да биде оставен на цедило.

Инаку Вардар е многу блиску до пласман трета година по ред на завршниот турнир во Лигата на шампионите, откако на првиот меч од четвртфиналето славеше над унгарскиот првак ПИК Сегед и ќе брани осум голови предност на реваншот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Јас сум горд што имам прилика да работам што вакви момци кои заслужуваат голема почит за се што прават за клубот и Македонија, тие се национални херои.“

Алушовски: Вардар во моите 10 години не бил во полоша ситуација – момците се национални херои!

Составот на Вардар вечерва успеа да дојде до убедлива победа над Мотор Запорожје од...

„Теле 2“Арената во Стокхолм беше „обоена“ во „црвено–бело“, во знакот на Хрватска, најмалку 10.000 фанови имаше на трибините.

Шпанија го одбрани европскиот трон- Хрватска не успеа да стане Европски шампион

Репрезентацијата на Шпанија успеа да ја одбрани титулата на Европското првенство...

Исто така, сигурно Начевски и Николов ќе добијат место и за Олимписките игри во Токио, каде што ќе ја делат правдата на натпреварите.

Македонските судии Начевски и Николов ќе го судат финалето на ЕВРО 2020!

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја добија честа да го судат финалето...