
Свет
Европа
Во Брисел вистинска драма на синоќешната координативна седенка на европратениците со администрацијата на ЕУ, претставена како дебата на седница на Европскиот парламент која реално никогаш не се одржала.
Со исклучок на неколку екстремистички гласови од Грција и Бугарија, огромното мнозинство европратеници синоќа на дебатата пред гласањето за извештајот за Македонија побараа старт на преговори за членство во ЕУ во јуни, но потсетија дека земјата мора да продолжи со исто реформско темпо.
Известувачот Иво Вајгл, но и други европратеници потсетија дека не само Македонија, туку и Европската Унија треба да ги исполни своите ветувања во евроинтегративниот процес.
Тој како и многумина други го поздрави Преспанскиот договор и повика тој да биде комплетиран во македонското Собрание и порача дека верува дека преговорите со ЕУ ќе започнат во јуни 2019.

За ова потребна е инклузивна демократска атмосфера, сите треба да соработуваат, треба да се модернизира судскиот систем, да се почитува владеењето на правото, да се создаде простор за слободни медиуми, да се заштитат новинарите и да се води ефикасна борба против корупцијата и организираниот кримина. – порача Вајгл.
Еврокомесарот Хан истакна дека земјата се врати на евроатлантскиот пат и ги поздрави изгласаните уставни измени нарекувајќи ги храбар чекор кој очекува да продолжи без одлагање.
Важно е реформскиот момент да се продлабочи во интерес на граѓаните, изјави Хан потсетувајќи на трите услови запишани во заклучоците на Советот на ЕУ од јуни, независно судство и борба против корупција, контрола на разузнавачките и безбедносните служни и реформата на јавната администрација, реформи без кои преговори не можат да бидат доделени. – истакна Хан.
Тројца пратеници од Романија, која го презема претседателството со ЕУ од први јануари 2019, силно поддржаа почеток на преговори со Македонија и изразија жалење што досега тоа не се случило.
Македонија е земјата кандидат со најголем степен на усогласеност со европското законодавство. – изјави Виктор Боштинару.

Кристијан Дан Пред од ЕПП ја повика Грција на повеќе разбирање кон Македонија особено по острите критики на неколку грчки пратеници како Софиа Сакорафа која изјави дека нема да го поддржи извештајот на Вајгл за Македонија.
Преспанскиот договор не е изводлив, изјави таа порачувајќи дека уставните измени го нарушуваат договореното. – истакна Дан Пред.
Константинос Пападакис од Комунистичката партија, пак, порача дека извештајот на Иво Вајгл е „прекршување на ЕУ“ и дека претставува „потклекнување пред големиот капитал за интересите на европските монополи“.
Земја која до вчера не беше подготвена, сега преку ноќ стана подготвена, ова е лудило. -изјави Пападакис и потврди дека ќе гласа против извештајот.
Претставничката на австриското претседателство, Каролин Едстадлер, од своја страна, слично како и комесарот Хан потсети на преостанатите реформи кои се потребни за почеток на преговори и повика да се најде начин да се обезбеди непрекинато работење на СЈО.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.