Ова е прв пат по скандалот со шефицата на СЈО во заминување Катица Јанева која е моментално во затворот во Шутка, обвинителството да бара одложување на судското рочиште.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 септември, 2019 16:16

Фатиме Фетаи дрска и во свој стил: „Не се смејте толку може пак јас да го водам предметот”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По барањето на СЈО за преземање на предметите во Јавното обвинителство беше одложена денешната расправа за Титаник 3.

Фатиме Фетаи дрско одговори на прашање на претседателката на советот која го води случајот адвокатите на дел од обвинетите се насмеаја на што обвинителката Фетаи одговори ,,не се смејте толку може пак јас да го водам предметот “.

Ова е прв пат по скандалот со шефицата на СЈО во заминување Катица Јанева која е моментално во затворот во Шутка, обвинителството да бара одложување на судското рочиште.

Познато ни е дека во тек е постапка за предавање на предметите до Јавното обвинителство . Со самото тоа што предметот е во надлежност на републичкото обвинителство од каде треба да одлучат кој ќе го води рече Фетаи .

На прашање на претседателката на советот која го води случајот адвокатите на дел од обвинетите се насмеаја на што обвинителката Фетаи одговори ,,не се смејте толку може пак јас да го водам предметот “.

Инаку од Специјалното јавно обвинителство вчера соопштија дека се подготвени да го извршат трасферот на сите отворени случаи, истраги и предистраги на Јавното обвинителство. За денеска е најавено дека таа процедура ќе почне пред истекот на мандатот на специјалната обвинителка Катица Јанева на 15 септември.

Сѐ уште е неизвесно е дали политичките партии ќе се усогласат за профаќање на измените во Законот за јавно обвинителство и приклучувањето на СЈО кон редовното обвинителство. И покрај тоа, со кореспонденцијата меѓу Катица Јанева од притвор, ЈО и СЈО трансферот на предметите е веќе договорен.

И републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески веќе изјави дека сите технички процедури за предавањето на сите прислушувани материјали и други докази се веќе договорени.

Од денеска секој обвинител на СЈО ќе треба да ги попише своите предмети, истраги и предистраги и да ги архивира.

Ова најверојатно ќе биде само формална преселба, не и физичка, затоа што зградата на СЈО останува во сопственост на Јавното обвинителство.

Она што останува непознато е кои обвинители ќе ги водат овие предмети – оние што и досега ги воделе или ќе се прави нова прераспределба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Сите овие монтирани случаи и местенки, вклучително и за ова што сега очајно се повторува, издишаа како балон, затоа што за измислици не може ниту да има докази – ни изјави Заев.

Вице Заев за Фокус: Ова се измислици- Ме потсетува на времето од РЕЖИМОТ, времето на јавен отстрел на семејства и монтирани случаи во судството

Струмичкиот бизнисмен Вице Заев, брат на лидерот на СДСМ и експремиер Зоран Заев, реагира...

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека Комисијата за заразни болести, по повод новите препораки на Светската здравствена организација за ширењето на корона вирус, кој веќе има епицентар во Вухан заклучи дека нема простор за паника.

Од утре превентивни мерки во Македонија од корона вирусот

Од утре ќе се превземат превентивни мерки за коронавирусот и ќе се скенираат со термална...

Рускоска тврди дека тогаш на распит биле повикани Зоран Заев и неговиот брат, Вице, но поради немање докази случајот во 2018 е затворен.

Случајот беше затворен поради немање докази- се огласи Рускоска по новата бомба од „ЛА ВЕРИТА“

По објавената снимка во италијанскиот весник Ла Верита, насловен “Купопродажба на...

Постоечката документација во Обвинителството за борба против организиран криминал во Скопје поседува извадоци од снимени разговори од кои може да се заклучи дека експремиерот Зоран Заев заедно со неговиот брат Вице Заев, зборувајќи отворено на телефон, управуваат со развиена мрежа за купување гласови базирана на пари и уцени, со цел добивање гласови, посебно од Ромите кои живеат во Струмица.

„Ла верита“: Зоран Заев плаќал по 10 евра за гласови

Откако вчера објави скандал насловен “Купопродажба на гласови во Македонија” денеска...