Самјуел Литл, Американец на издржување на три доживотни казни затвор, се изјасни за виновен за 93 убиства.

Објавил: Перо Милчин | 8 октомври, 2019 23:22

ФБИ го прогласи најмасовниот сериски убиец во САД: Признал дека убил 93 жени низ цела Америка!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ФБИ објави дека Семјуел Литл е најлошиот сериски убиец во американската историја.

Серискиот убиец 79 годишниот Семјуел Литл минатата година почна да соработува со полицајците во Америка и признал дека убил 93 жени низ цела Америка, меѓу 1970 и 2005 година.

Убиецот е поранешен боксер, кој пораснал во Охајо. Самјуел Литл, Американец на издржување на три доживотни казни затвор, се изјасни за виновен за 93 убиства. Неговите жртви биле исклучиво жени, претежно црни жени, проститутки и зависнички од дрога.

Полицијата тврди дека сите негови признанија се веродостојни, и отворија веб-страница на која може да се видат видеа од признанието на убиецот во кој се опишани убиствата чии жртви се уште не се идентификувани.

Повеќето од жртвите биле задавени. „Многу години Семјуел Литл верувал дека нема да биде фатен затоа што сметал дека никој не ги евидентира неговите жртви“, вели ФБИ во соопштение за медиумите.

„И покрај тоа што тој веќе е во затвор, ФБИ смета дека е важно да се побара правда за секоја жртва – да се затвори секој можен случај“.

Неговата мајка била „дама на ноќта“, како што ја опишал и се верува дека тој е роден во ќелија за време на едно од многуте апсења на неговата мајка. Го воспитала неговата баба, а единствено што го знаел е борба и опстанок.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Јас се обидувам да коментирам многу внимателно или подобро да не коментирам што се случува во Соединетите држави или во други земји.

ПУТИН ЗА АМЕРИКА: Нивните длабоки внатрешни кризи се забележуваат од победата на Трамп!

Рускиот претседател Владимир Путин за прв пат реагираше на масовните протести во Америка...

Горивото што се истури во рускиот дел на Арктичкиот круг стигна до езерото од кое реката тече северно кон океанот.

ПУТИН ЗБЕСНА! Еколошката катастрофа од Сибир станува светски проблем (ВИДЕО)

Минатата недела, претседателот Владимир Путин прогласи вонредна состојба и ги критикуваше...

Одборот на NBER објави дека рецесијата започнала во февруари. Според широката дефиниција на ова биро, рецесијата е “пад на економската активност која трае неколку месеци”.

Американската економија официјално во рецесија!

Американската економија е во рецесија, објави Националното биро за економски истражувања...