Роџер Федерер изјави дека Новак Ѓоковиќ е фаворит за освојување на првиот Гренд-слем турнир за оваа година во Австралија.

Објавил: Сара Фемина | 7 јануари, 2019 18:11

ФЕДЕРЕР: Ѓоковиќ е најголемиот фаворит за победа на Австралија Опен

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

По освојувањето на титулата во „Хопман купот“, Роџер Федерер изјави дека Новак Ѓоковиќ е фаворит за освојување на првиот Гренд-слем турнир за оваа година – Австралија опен.

 Првенството на Австралија во тенис е на програма од 14-27. јануари, а покрај Маестро, главните фаворити за победа, како и секогаш, се Ѓоковиќ и Надал.

– Тој е (Ѓоковиќ) фаворит, без сомнение. Без разлика на она што се случи во Доха, тој имаше неверојатно добри пет или шест месеци од минатата година. Се мачеше на почетокот, но тој покажа класа и штом Новак влезе во форма, многу е тешко да биде победен, изјави Федерер.

Федерер на листата на фаворити за АО 2019 го додаде и шпанскиот ас, Рафаел Надал.

– Луѓето секогаш се сомневаат, често се прашуваа дали тој некогаш ќе се врати. Но тој не заборавил да удира тениско топче. Така е и со Рафа. Кога е на 100 отсто, знаеме колку е тешко е да се победи. Штом двајцата се на 100 отсто – тие се фаворити, додаде Роџер Федерер.

Благодарение на сјајните успеси, Федерер е избран за спортист на годината според списанието Ларус, 4 години по ред (од 2005 до 2008), а за истото признание бил номиниран и во 2004, но не успеал да го добие. Во 2009 година, АТП го избрал Роџер за најдобар играч на деценијата (2000-2009). Во 2011 Федерер бил рангиран на 25. место на највлијателни славни личности според магазинот Форбс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис

Двајцата тенисери како да ги чуваа силите на стартот, во очекување на долга борба за титулата, па започнаа резервирано.

МАЕСТРО НОВАК ЃОКОВИЌ ГО СМАЧКА ФЕДЕРЕР ВО ФИНАЛЕТО НА ВИМБОЛДОН!

Новото маратонско финале на Вимблдон донесе победа за Новак Ѓоковиќ во дуелот со Роџер...

Халеп после само 11 минути игра водеше со 4:0. Финалето поради овој маестрален настап на Халеп и лошо издание на Серена траеше само 56 минути.

Симона Халеп ја растури Вилијамс и го освои првиот трофеј на ВИМБОЛДОН!

Симона Халеп е нова шампионка на Вимблдон! Симона Халеп денес со 2:0 во сетови ја победи...