Во двата анкетни листови Фетаи во графата подвижен имот пријавила дека поседува благордни метали златен накит во вредност од 600.ооо денари.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 декември, 2019 14:02

Фетаи за четири години не купила ниту едно парче накит

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешната-специјалната обвинителка Фатиме Фетаи за четири години не купила ни грам златен накит. Колку што пријавила при стапувањето на функцијата специјален јавен обвинител, толку пријавила и по завршувањето на функцијата, објави Лидер.мк.

Во двата анкетни листови Фетаи во графата подвижен имот пријавила дека поседува благордни метали златен накит во вредност од 600.ооо денари.

Анкетен лист Фатиме Фетаи…

Фетаи, како и останатите поранешни специјални обвинители не го пријавила „бонусот“ на плата по основ на доверливост во висина од 87.000 евра. Според неа, износот не е многу поразличен од тој што го добиваат пратениците за патни трошоци.

Анкетните листови на Фатиме Фетаи поднесени до Државната комисија за спречување корупција и разликите во нив можете да ги видите ТУКА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести