Вчера по налог на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција беше приведена и притоврена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за злоупотребила службената положба и овластувањата со што се стекнала со лична користа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 август, 2019 11:03

ФЕТАИ: Продолжуваме со работа, СЈО е во целост посветен на борбата за правда

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Обвинителката во Специјалното јавно обвинителство Фатиме Фетаи денеска изјави дека СЈО продолжува со застапување на предметите во судница без разлика што на нивната шефица Катица Јанева вчера и е одредена мерка притвор за случајот „Рекет“.

Обвинитеката на СЈО Фатиме Фетаи истакна дека тимот и понатаму продолжува со работа и покрај тоа што вчера на Катица Јанева и беше одреден 30 дневен притвор…

– Она што се случува може да биде само добар показател дека секој што погрешил пред законот, мора да одговара, дека работите конечно се придвижуваат во позитивна насока во нашата држава и дека едноставно никој не е недопирлив. Меѓутоа од друга страна, индивидуалната кривична одговорност на еден од обвинителите во СЈО не смее да биде изговор односно оправдување да се заборави целокупниот криминал што беше направен во нашата држава во последниот период и ние да ја запреме нашата борба. Тимот на СЈО е во целост посветен на борбата за правда и ние продожуваме со она што е наша работа – застапување на предметите во судница, изјави Фетаи пред денешното ново рочиште за предметот „Монструм“.

Вчера по налог на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција беше приведена и притоврена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за злоупотребила службената положба и овластувањата со што се стекнала со лична користа.

По притоврањето на Јанева во јавноста се отвори прашањето што ќе се случи со СЈО и кој ќе ја наследи на местото специјален јавен обвинител.

МИА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Парите што останале во постојниот план, наменети за уривање дивоградби, се премалку за да се отстрани базата, која ниту Усеини нема во план да ја дислоцира, дознава „А1он“. Охрид не може да распише ниту тендер за избор на нова фирма бидејќи во буџетот има останато уште пари за уривање.

Охрид нема пари за да ја урне дивоизградената база на Усеини

Дивоизградената бетонската база во сопственост на бизнисменот и советник од Општина...

Тој, според пријавеното, се договорил и во Гостивар и платил една од договорените рати. Подоцна, скопјанката не се појавила на договорената средба во Скопје и не му се јавувала повеќе, по што сфатил дека е измамен.

„Дај ми пари и ќе ја вработам девојка ти“ – Гостиварец падна во рацете на измамнци!

Преку социјалните мрежи лесно можете да дојдете до измамници, таков пример се случил...

Телевизија Алфа поради неговата исклучителна сила одучи да го номинира Марко Пејчиновски за „Светската награда за млад хуманист“, а членовите на интернационалното жири едногласно одлучија ова признание да му биде доделено нему.

Младиот херој Марко добитник на „Светската награда за млад хуманист“

Го препознавате младиот херој кој со сите сили се бореше со брановите на Охридското...