Имено вчера Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски добија овластување од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и натаму да го застапуваат предметот „Монструм“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 септември, 2019 11:21

Фетаи: Се уште сме моќни иако не сме во СЈО, борбата за правда продолжува!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото СДК

Обвинителката Фатиме Фетаи пред влегувањето во Кривичниот суд каде претпладнево треба да се одржи ново рочиште за предметот Монструм, во изјава за медиумите истакна дека борбата за правда продолжува, пренесе Нова.

Борбата за правда продолжува понатаму! истакна Фетаи

Имено вчера Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски добија овластување од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и натаму да го застапуваат предметот „Монструм“.

12.04.2012, Велики четврток, Смилковско езеро. На овој датум и место, пред точно 7 години свирепо беа убиени Филип Славковски (18), Александар Наќевски (18), Цветанчо Ацевски (18) и Кире Тричковски (20) од Радишани и Борче Стевковски (45) од Црешево.

Минатото рочиште беше одложено од судијата Огнен Ставрев поради состојбата со Специјалното обвинителство, за која рече дека се надева оти за неколку дена ќе биде јасна и дека на следното ќе се слушаат разговорите од „бомбите“.

За случајот Монструм треба да бидат изведени околу 3.900 разговори, кои беа предложени како дополнителни докази од СЈО.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

На доживотна казна затвор за тероризам беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Сами Љута, a Сејди Рама беше ослободен од вина. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се наоѓаат во бегство во Косово за кои се бара екстрадиција.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Миле Јовановски и Виктор Стојчев се соседи. Јовановски е обвинет дека физички го нападнал Стојчев и тешко го повредил. Сведок на настанот бил и Боки 13, кој денес заради економичност на постапката не беше спроведен од затворот во Шутка каде што е во притвор како обвинет во „Рекет“. Но, тој ќе сведочи понатаму, пишува СДК.мк

НЕ СУМ СТАЛОНЕ ДА ГО ИСТЕПАМ ПОПОТ ЗА МИНУТА – вака дрско одговори таткото на Боки 13 по судењето за физички напад

Без воопшто да го извести судот, скопската обвинителката Имран Османи едноставно не...

Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

КАДЕ ЌЕ МУ ОДИ ДУШАТА: Со автомобил помина на црвено, удри пешак кај Соборна и избега

Сообраќајна несреќа се случила денеска на раскрсницата кај Соборен Храм. -Пред 5 мин....

Исто така една изборна единица е предлог од 12 пратеници меѓу кои има и вонпарламентарни а според нив ќе обезбеди плурализација, поголем избор за граѓаните и демократизација.

Изборите повторно без попис – Македонците повторно не избројани

Одлуката за предвремени парламентарни избори токму во април кога конечно требаше...