Партиски конгрес

Објавил: Калина Мартинска | 24 ноември, 2024 15:03

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Суетите во политиката ги имало отсекогаш, но во овие времиња ние го немаме луксузот да ја жртвуваме иднината на партијата заради лични предрасуди, колективното добро мора да ги победи личните интереси, порача од Конгресот на СДСМ, претседателот на партијата Венко Филипче.

„Со моето доаѓање на чело на партијата сакам едно јасно да порачам. Секој кој ќе биде дел од партијата и од раководните структури е поставен на таа позиција да им служи на граѓаните и на членовите на СДСМ. Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја. Додека сум јас претседател, тоа нема да го дозволам затоа што тоа ја уништува сржта на нашето постоење. Затоа, во одредена смисла имам разбирање за претпазливоста и скептичноста на одредени наши сопартијци. Но, од оваа говорница ги уверувам дека многу брзо ќе ги убедиме дека знаеме да се издигнеме над предизвикот и можеме со посветена работа да ги искорениме сите лоши навики кои ја мачат партијата“ посочи Филипче.

Филипче призна зошто доживеале историски пораз, сервилноста кон коалиционите партнери една од причините

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.