четврток, 10 октомври 2024

MK/ EN/ DE



Тој вчера изјави дека од понеделник ќе почне теренската вакцинација, ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер", што во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи согласно препораките во внатрешното упатство за оваа категорија на деца на оваа возраст.

Објавил: Владо Марин | 8 јули, 2021 16:53

Филипче: Вакцинацијата на децата против Ковид-19 нема да биде задолжителна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Некои земји го воведуваат вакцинирањето на децата против Ковид-19 како задолжително односно тие нема да ги примаат децата на училиште доколку не се вакцинирани.

Кај нас нема да биде задолжителна вакцината против Ковид-19 за децата, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на болницата „Свети Еразмо” во Охрид.

Тој вчера изјави дека од понеделник ќе почне теренската вакцинација, ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер”, што во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи согласно препораките во внатрешното упатство за оваа категорија на деца на оваа возраст.

Додаде дека досега нема нус појави кај вакцинирани деца.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.