Тој го посети и новоотворениот ковид центар на Клиниката за очни болести, кој од утрово почна со работа.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 ноември, 2020 18:24

ФИЛИПЧЕ: ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ ОБЕЗБЕДУВАМЕ УШТЕ 50 ЛЕГЛА ЗА КОВИД ПАЦИЕНТИ НА КЛИНИКАТА ЗА УВО, НОС И ГРЛО

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, утрово направи обиколка низ интерните клиники во клиничкиот кампус „Мајка Тереза“.

Тој го посети и новоотворениот ковид центар на Клиниката за очни болести, кој од утрово почна со работа.

 Целиот здравствен систем е координиран и усогласен со сите јавноздравствени установи. Во сите установи работи стручен медицински кадар. Здравствените работници се преморени, меѓутоа тие не се откажуваат и го даваат својот максимум во третманот на пациентите, изјави Филипче.

Во ковид центарот во Клиниката за очни болести е хоспитализиран првиот пациент, а целото одделение располага со капацитет од 23 кревети. Клиниката е подготвена да помогне во згрижувањето пациенти на кои им е потребна хоспитализација и кислородна поддршка.

Следен чекор е зголемување на болничките капацитетите со 50 легла за ковид пациенти на Клиниката за уво, нос и грло. Во следните денови се очекува да биде комплетно подготвена и оваа установа, во која во моментов се поставува централен довод на кислород.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

„Следните четири или пет месеци ќе бидат доста тешки, освен ако навистина не го сфатиме сериозно нашето однесување“, рече Гејтс.

НОВА ПРОГНОЗА НА БИЛ ГЕЈТС: Еве кога сè ќе започне да се враќа во нормала по пандемијата!

Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“ и еден од најбогатите луѓе во светот, очекува...

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ ЗА 24 ЧАСА СЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ 49 ПАЦИЕНТИ, ВКУПНО СЕ ЛЕКУВААТ 461 БОЛЕН, СОМНИТЕЛЕН И ПОТВРДЕН ЗА КОВИД -19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 49 нови пациенти...

"Најголемата заблуда е дека се смета дека има доволно витамин Д, дека има доволно храна што можеме да ја купиме на пазарот. Тоа не е точно", рече имунологот Борислав Каменов.

СРПСКИ ИМУНОЛОГ БОРИСЛАВ КАМЕНОВ: Ова е најголемата заблуда за ВИТАМИН Д, еве колку ни е потребна дневна доза заради пандемијата

Научната дебата за влијанието на витаминот Д врз новиот вид на коронавирус продолжува,...

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти, а исто толку и Инфективната клиника.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти.

ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ ЗА 24 ЧАСА СЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ 56 ПАЦИЕНТИ, А ВКУПНО СЕ ЛЕКУВААТ 489 БОЛНИ, СОМНИТЕЛНИ И ПОТВРДЕНИ ЗА КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 56 нови пациенти...