Ова е одличен резултат на политиката на инвестирање во млади лекари и медицински сестри. Само преку ваква грижа на младите им даваме шанса да останат и да работат во нашата земја, во нашето јавно здравство, потенцира Филипче.

Објавил: Стојче Бушин | 8 јули, 2020 12:53

Филипче: Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина, објави министерот за здравство Венко Филипче!

Ова е одличен резултат на политиката на инвестирање во млади лекари и медицински сестри. Само преку ваква грижа на младите им даваме шанса да останат и да работат во нашата земја, во нашето јавно здравство, потенцира Филипче.

За најмалку 15% го зголемивме кадарот во секоја здравствена установа. Во изминатите три години, во Општата болница реализиравме повеќе од 40 вработувања. Со вистински здравствени мерки продолжуваме и во следниот период. Младите здравствени работници се иднината во јавното здравство, вели министерот!

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на бројот на новозаболени и починати, а зголемување на бројот на оздравени лица во споредба со претходната недела на известување.

Да ги почитуваме мерките за заштита од коронавирус. Да носиме заштитна маска, да одржуваме физичка дистанца и често да ги миеме рацете. Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба. Од самите нас зависи, вели Филипче!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Во Охрид и околината, пациентите можат да се обратат во Службата за ИМП, а по потреба пациентите се упатуваат во Општа болница Охрид!

Филипче: Вака ќе работат итните служби за претстојниот викенд

За време на претстојниот празничен викенд, сите граѓани кои ќе имаат потреба од здравствена...

Во просек, месечно, се реализирани 10 илјади прегледи. По прогласената епидемија на Ковид-19 во Република Македонија, оваа установа беше определена како болница во која се вршат хируршки третмани на пациенти кои не се инфицирани со коронавирус.

На Клиниката „Св. Наум Охридски” од март до јули извешени 50 илјади прегледи и повеќе од 850 операции

Од Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски” информираат...

Ова е втора кадаверична трансплантација и четврта од жив донор годинава. На 23 мај од починат донор се трансплантираа срце и бубрези. Во период кога здравствениот систем се соочува со ковид-19, Програмата за транплантација продолжува да се реализира!

Филипче: Направена нова кадаверична трансплантација, двајца пациенти добија бубрег од починат донор

Утрово на Клиниката за Урологија беа експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент...