Денеска во Македонија од коронавирус почина уште еден  79 годишен пациент од Дебар; На Инфективната клиника примени се 8 нови пациенти, вкупната бројка на хоспитализирани на Клиниката изнесува 47. На механичка вентилација се поставени тројца пациенти, на 50, 63 и 67 годишна возраст;

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 март, 2020 21:50

Филипче: Девет пациенти излекувани од Коронавирус и пуштени на домашно лекување- бројот на заразени е 285 лица!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Девет пациенти се излекувани и пуштени на домашно лекување;Денеска се потврдени 26 нови случаи со КОВИД-19: Дебар 1 , Скопје 19, Куманово 3, Прилеп 1, Тетово 1, Крива Паланка 1; Вкупната бројка на дијагностицирани досега изнесува 285 лица соопшти министерот за здравство Венко Филипче;

Денеска во Македонија почина уште едно лице од Коронавирусот со тоа бројката на починати достигна 7 лица.

Денеска во Македонија од коронавирус почина уште еден  79 годишен пациент од Дебар; На Инфективната клиника примени се 8 нови пациенти, вкупната бројка на хоспитализирани на Клиниката изнесува 47. На механичка вентилација се поставени тројца пациенти, на 50, 63 и 67 годишна возраст;

Денеска завршува инспекцијата од страна на ДСЗИ во врска со третманот на починатата пациентка од околината на Струга;Од денеска во функција пунктот во Поликлиниката Чаир, а од среда ќе работи и пунктот во Млин Балкан – капацитетот во Скопје се дуплира;

Министерот соопшти дека е завршена анализата за приватните лаборатории – со нивното вклучување согласно договорите кои ќе се направат со Фондот за здравствено осигурување капацитетот значајно ќе се зголеми;

Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација се тестирани 46 вработени и 6 пациенти. Позитивни на коронавирус се 8 медицински лица и двајца пациенти. Пациентите да се упатуваат во ГОБ „8 Септември“;Клиниката за кожни болести почна со работа, во следните денови ќе биде соопштен и начинот на работа согласно термините коишто ќе бидат ослободени преку системот МојТермин рече Венко Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Затоа уште еднаш апелирам, да се воздржиме од групирање и да одржуваме дистанца, да сме внимателни и да носиме заштитна опрема и да се грижиме за личната хигиена!

ФИЛИПЧЕ: Не можеме вечно да живееме во карантин!

Од почетокот на кризата со коронавирусот, на секој јавен настап повторувам една работа...

Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на ковид-19.

НОВИ СМРТНИ СЛУЧАИ ВО МАКЕДОНИЈА: 35 нови случаи на ковид-19!

Во последните 24 часа направени се 1120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на ковид-19. –...

Ова е значајно зајакнување на капацитетите за справување со вирусот, имајќи предвид дека ваква респираторна поддршка е потребна за една сериозна група заболени лица.

УНИЦЕФ донира на Македонија најнова генерација на 7 респиратори кои служат за инвазивна и неинвазивна терапијa!

Денеска ја примивме донацијата која беше обезбедена од страна на УНИЦЕФ – најнова...

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2077, бројката на оздравени пациенти е 1486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469.

Почина здравствен работник од КОВИД-19- нови 38 заболени!

Во соопштение испратено до јавноста Фармацевтската комора известува дека почина првиот...