Операцијата успешно ја завршивме, на пациентот му посакувам добро здравје и што побрзо опоравување. На моите колеги мирна ноќ. Среќна нова година!

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 декември, 2020 22:47

Филипче дежурен за новогодишната ноќ во Неврохиругрија: Изврши операција на тумор на мозок

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ова е дежурниот тим за новогодишната ноќ на Клиниката за неврохирургија. Секогаш е задоволство да работиш со млади колеги. Вечерва тие ми асистираа во операција на тумор на мозок, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче!

Операцијата успешно ја завршивме, на пациентот му посакувам добро здравје и што побрзо опоравување. На моите колеги мирна ноќ.

Среќна нова година, честиташе Филипче!

Новогодишните празници ќе ги поминам во кругот на семејството за да бидам пример за граѓаните. Да бидеме совесни и да не се групираме за претстојните празници.

Ова е дежурниот тим за новогодишната ноќ на Клиниката за неврохирургија!

Сега треба сите да ги почитуваме мерките и препораките и да сме свесни дека тоа е еден од механизмите со кои нема да дозволиме ситуацијата да се влоши сега кога навистина се изборивме и имаме видливи резултати.

Во изминатиот период евидентно е намалувањето на притисокот врз болниците и на бројот на новодијагностицирани. Завчерашниот ден е првиот ден кога на интерните клиники немало ниту еден нов прием на болни од ковид-19 вирусот. Бројките значајно се намалуваат. Значително се намалуваат новодијагноцираните на ден, се намалува факторот на преносливост и се намалува бројот на пациенти кои треба да се хоспитализираат.

Но, не се исклучува можноста да има некој минипик и понатаму како резултат на непочитувањето на мерките. Нашиот здравствен систем е подготвен да пресретне и следен бран. Верувам дека граѓаните ќе продолжат совесни да се однесуваат и дека ќе нема криза, но подготвени сме да пресретнеме таков бран. Затоа, апелирам до сите празнувајте одговорно и помогнете си на себе, на вашите најблиски, на здравствените работници, на сите нас, поренцираше министерот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Успешно заврши првата трансплантација на бубрезите кои доцна во ноќта беа експлантирани на Клиниката за урологија.

Бубрегот од починатата девојка трансплантиран кај 27-годишен пациент, во тек втората трансплантација

Претпладнево на Клиниката за урологија е извршена операција за трансплантација на...