Предвремените парламентарни избори се закажани за 15 јули, идната седмица а Министерството за здравство, во соработка со другите институции, изготви сигурен и ефикасен пртокол за заштита на здравјето на граѓаните при гласање.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 јули, 2020 21:22

Филипче до граѓаните: На изборите ќе биде сосема безбедно за да гласате!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите во Комисијата за заразни болести се целосно посветени да обезбедат препораки, закони и протоколи со кои ќе се спречи ширењето на коронавирусот.

„Протоколите кои досега ги подготвивме за повторно отворање на бизнисите и нормализирање на животот по нови правила, се покажаа многу ефикасни. Се докажа дека со почитување на овие протоколи за лична заштита од коронавирусот, целосно е безбедно да се пазари во маркет, да се оди на работа или да се користи јавниот превоз. Тоа е едноставно нашата нова реалност и нов начин на живот“, рече министерот Филипче.

Предвремените парламентарни избори се закажани за 15 јули, идната седмица а Министерството за здравство, во соработка со другите институции, изготви сигурен и ефикасен пртокол за заштита на здравјето на граѓаните при гласање.

„Сакам од мое лично име и од името на комисијата, да ве уверам дека на денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа и со тоа да го остварите вашето граѓанско право. Гласањето нема да биде помалку безбедно од било која друга нормална активност која ја вршиме секојдневно, како одењето во маркет. Строгиот протокол и негова целосна имплементација се наша должност и одговорност, и се обврзуваме на граѓаните да им обезбедиме сигурна средина во која ќе може да гласаат“, потенцираше министерот Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во Охрид само петмина пазарни инспектори работат да ги казнат оние што не ги почитуваат протоколите, а на помош викендов им дошле и колегите од Скопје и од Гостивар.

Поднесени две кривични за забавите на Градиште!

Поднесени се 2 кривични пријави за забавите организирани во Градиште, на плажите 2 и...

Согласно податоците од Министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

Мицкоски: Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадолженост, долгот достигна 59,5%

Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадоженост. За само три месеци владата...

Собраниските служби,пак, се подготвуваат согласно мерките за заштита од коронавирусот за одржување на конститутивната седница во големата сала со купола каде што ќе биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни. Гласовите на оваа седница ќе се бројат рачно, а веројатно и на тие потоа, имајќи предвид дека во неа нема инсталирано систем за гласање.

Џафери ја напушта Инфективна, можно е да ја води конститутивната седница

Денеска претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери, кој беше хоспитализиран...