Тој на Фејсбук напиша и дека укинувањето на тестирањето и 14-дневната изолација за иселениците е направено благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на владата.

Објавил: Стојче Бушин | 25 јуни, 2020 18:01

Филипче до Зибери: Нема да дозволам политичко поентирање на сметка на епидемијата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери ги повика иселениците да дојдат да гласаат за Албанец премиер на изборите на 15 јули и се пофали дека тој како член на Комисијата за заразни болести помогнал да се отворат границите во Македонија!

Тој на Фејсбук напиша и дека укинувањето на тестирањето и 14-дневната изолација за иселениците е направено благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на владата.

„Добредојдовте иселеници. Родното место ве чека. Сега можете да си дојдете дома без тестови и 14-дневна изолација, благодарение на нашиот придонес во здравствените политики на владата. Јас како член на Комисијата за заразни болести и другите членови помогнавме да се отворат границите и луѓето да се движат слободно без протоколите препорачани од СЗО. Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер“, вели Зибери.

Веднаш после скандалозната изјава реагираше и министерот за Здравство, Венко Филипче!

Директоре Зибери,

Тоа што сте во изборна кампања не ви дава за право да изнесувате невистини и да ја поткопувате работата и одлуките на Комисијата за заразни болести. Четири месеци градиме доверба и работиме транспарентно. Во ниеден момент не донесовме политички мотивирани одлуки и ова вие добро го знаете. Вашата изјава е неточна, штетна и пред сѐ неколегијална, што исклучително ме загрижува. Моја должност како министер меѓу другото е да го штитам угледот на колегите од комисијата и нивните стручни одлуки.

Верувам дека разбирате каква штета нанесувате во овие чувствителни моменти кога заеднички се бориме за иста цел. Го ценам придонесот на сите кои се борат со епидемијата, вклучително и вашиот, но нема да дозволам политичко поентирање на сметка на епидемијата, вели Филипче!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

На видеото не може да се види за која локација станува збор а истото е споделено на „ТикТок“, апликација каде младите најчесто објавуваат кратки забавни видеа.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Момчиња тепаат момче и се фалат на „ТикТок“

На видеото може да се забележи како повеќе момчиња брутално тепаат момче, па потоа...

Ова се случува денеска низ улиците на градот, поточно на ширинката кај јаворот, во близина на црквата „Света богородица“.

(ВИДЕО) Ромски улични свадбари во Велес, ниту носат маски, ниту држат растојание

Ниту вчерашниот неславен рекорд од 241 заразени во земјава од коронавирус, ниту „црните“...

Министерството за внатрешни работи и понатаму ќе ги презема сите мерки и активности за спречување на изборен поткуп и влијание врз гласачите. Апелирам до граѓаните да ја пријават секоја активности со која се крши или попречува нивното избирачко право, вели Чулев!

СКАНДАЛ: Сопственик на продавница ветувал на купувачи дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Од страна на Отсекот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Штип во...

Замислете, колку злоба и нечовечност треба да имате за да сторите вакво дело!, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Струга.

(ФОТО) Директорка на основно училиште во Струга наредила да се уништи Сонцето од Кутлеш

Денес сме сведоци на еден бесрамен вандализам во училиште во Струга! Имено, директорката...