Сите вакцини се еднакво ефикасни во однос на спречувањето на тешка форма на болест и од смртен исход како резултат на болеста и тоа е потврдено со сите клинички испитувања, со сите испитувања коишто се понатаму направени.

Објавил: Сара Фемина | 9 мај, 2021 13:12

Филипче – До крајот на летото очекуваме колективен имунитет

Фото/Текст извор: ©slobodnaevropa

Нашата проценка е дека некаде до крајот на летото може да се постигне колективен имунитет имајќи ги предвид сите количини вакцини кои треба да пристигнат во нашата земја, вели министерот за здравство Венко Филипче во неделното интервју на РСЕ. Сите вакцини се безбедни и нема потреба граѓаните да преферираат една наспроти друга вакцина, вели министерот.

Се почитува ли планот на вакцинација што го направи Министерството?

Сега со пристигнувањето на оваа значајно голема количина на вакцини, а очекуваме уште стотина илјади на 15 мај, повторно од производителот Синофарм и количината од 500 илјади вакцини од производителот Синовак до крајот на месец мај, значи една значајно голема количина, која ќе се дистрибуира по овие два канали кои што ги спомнав, решивме да се стави приоритет на тие што се пријавиле и затоа се направи пресек на 30 април – сите граѓани коишто се пријавени на сајтот vakcinacija.mk, а тоа се невакцинирани близу 160 илјади, во период од две недели, значи некаде до 15 мај ќе добијат термин за вакцинација преку СМС порака или меил со точно време и пункт каде треба да се јават.

Тоа значи дека и помлади ќе добијат?

Апсолутно, тоа значи дека ставаме приоритет на тие кои покажале интерес за вакцинација и затоа апелирам граѓаните да се пријават на сајтот и да ги има во системот Мој термин за да може понатаму да се креираат тие приоритети.

Го споменавте пристигнувањето на вакцините Синовак. Има дилеми околу ефикасноста на таа кинеска вакцина?

Нема никакви дилеми. Сите вакцини се еднакво ефикасни во однос на спречувањето на тешка форма на болест и од смртен исход како резултат на болеста и тоа е потврдено со сите клинички испитувања, со сите испитувања коишто се понатаму направени.

После давањето на апликација голем број на земји, сериозно големи земји, ја дистрибуираат таа вакцина, на пример Турција, понатаму Бразил, таму се резултатите навистина добри, нема никаков сомнеж во ефикасноста на ниту една вакцина, впрочем тоа што и Светската здравствена организација и Европската агенција за лекови сега ги евалуираат и сите други вакцини од други производители кои засега од нив не се одобрени, ни укажува на тоа дека сите вакцини се ефикасни и дека комбинацијата на вакцини конечно треба да биде и ефективна, односно да ја смени сликата на пандемијата насекаде во светот. Нема земја, освен некои ретки кои се производители на вакцини кадешто ексклузивно се користи само еден тип на вакцина од еден производител, тоа е навистина голема реткост и затоа и во нашите разговори со еврокомесарот Оливер Вархеји ни беше укажано дека за патување во ЕУ како еден од условите, кога станува збор за вакцината, ќе бидат прифатени сертификатите за вакцинација со вакцини одобрени и од ЕМА и од СЗО, а сега е постапката за буквално сите вакцини.

Повеќе на ОВОЈ ЛИНК

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Шансите не се загубени, сега треба да се одмориме и да се подготвуваме за Украина. Не очекува уште еден тежок натпревар. Тој меч треба да го одиграме отворено бидејќи веќе нема што да загубиме.

ПАНДЕВ: ШАНСИТЕ НЕ СЕ ЗАГУБЕНИ, СЕГА ТРЕБА ДА СЕ ПОДГОТВУВАМЕ ЗА УКРАИНА

Македонија загуби со 3-1 од Австрија на премиерата на Европските првенства, пренесе...

Премиерот Заев во интервјуто потсетува дека во светот се развива ерата на четвртата индустриска револуција и Балканот е навистина променет, заради европската иднина којашто сите ја посакуваат.

Заев за „Еуроњуз Албанија“: Македонија е доказ дека мултиетничките општества може да бидат голема предност, поука и пример за сите други земј

„Ако испорачуваме и Европа мора да испорачува, затоа првата порака е таа – да...

Тие знаат што се случува во Македонија и затоа со месеци, па можеби и година дена никој нема дојдено во Македонија. Со корумпирани политичари европејците не сакаат да имаат работа, нагласи Ѓорчев.

Ѓорчев: Македонија ја има најкорумпираната влада во историјата предводена од Заев, а во ЕУ не сакаат корумпирани држави

Позицијата на Македонија во моментов е како никогаш полоша во македонската историја...

Прифаќам дека УНЕСКО неколку години нé предупредува, но после присуството на експертите од УНЕСКО во извештајниот период е направено многу.

Заев: Прифаќам дека УНЕСКО неколку години нé предупредува

„Извештајот на УНЕСКО го опфаќа извештајниот период до јануари 2020 година и Владата...