Освен до директорите, Комисијата за заразни болести на состанок ги повика денеска и главните медицински сестри. Ќе има ротација на сестри, техничари, болничари и хигиеничари кои ќе треба да бидат на испомош на Инфективната клиника и модуларната болница.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 октомври, 2020 11:51

Филипче за Сител: Ќе се зголеми бројот на тестови и капацитетот за третман на Ковид-19

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Сите интерни одделенија во болниците низ државата ќе станат ковид центри. Интернистите и останатиот медицински персонал ќе третираат тешко болни од корона кои имаат потреба од хоспитализација а во овој момент поради преполнетост не можат да бидат примени на инфективно во струмичката, прилепската, кочанската, охридската и други здравствени установи вели Филипче за Сител!

Здравствените власти одлучија да ги мобилизираат сите медицински лица од јавното здравство во битката со корона вирусот и ова е одлучено на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести каде присуствувале и директори на болници. Министерот Филипче во изјава за Сител вели дека веќе од утре болничките капацитети ќе бидат зголемени двојно.

Разговаравме за рационализација и оптимално искористување на целокупниот кадар. Со тоа значајно се зголемува бројот на кревети за два до три пати. Но не е тоа целта да се исполнат болничките капацитети, туку со мерките кои стапија на сила, законските измени кои треба да поминат наредната недела со задолжително носење на маска и ограничување на собирите ќе ја намали епидемијата кај нас, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Во Скопје се полнат капацитетите и во модуларната болница и следна за прием на болни од Ковид 19 е детската болница во Козле каде има 40 кревети за возрасни пациенти. Но освен што граѓани реагираат дека не можат да дојдат до место во болница, поголем проблем е што матичен не може на пациент да му закаже за корона тест бидејќи нема термини па сомнителни чекаат и по една недела за да дознаат дали се позитивни на вирусот или не. Филипче најави  од викендот зголемување на капацитетите за тестирање.

Ќе ги зголемиме термините и бројот на тестови и ова ќе го решиме уште викендот, дадена е насока на сите лаборатории за време на празникот, викендот да има дополнителни термни и да нема намалување на бројот на тестирања, вели Филипче.

Освен до директорите, Комисијата за заразни болести на состанок ги повика денеска и главните медицински сестри. Ќе има ротација на сестри, техничари, болничари и хигиеничари кои ќе треба да бидат на испомош на Инфективната клиника и модуларната болница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Дел од лекарите, медицинскиот персонал и вработени во Кардиолошкиот завод, се позитивни на Ковид 19, што ја отежнува работата на установата.

Ковид 19 силно ја погоди и Специјализираната болница за кардиологија „Св. Стефан“ во Охрид

Ковид пандемија и натаму силно го притиска здравствениот систем во земјата. Лесно...

„Вчера го започнавме процесот на вакцинација, со колку започнавме, смешно е, и откако ќе заврши оваа количина вакцини, што ќе правиме понатаму?

Травари: Кога се превземаа вакцините од Србија не требаше пола влада да оди на Табановце

Поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари,...