Министерот посочи дека со почитување на мерките може да се одржат и изборите кои беа одложени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 мај, 2020 11:14

Филипче: Изборите може да се одржат со почитување на мерките!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во гостување на ТВ Алсат, министерот за здравство Венко Филипче рече дека вирусот не е исчезнат ниту победен и дека се уште е туак присутен меѓу нас, затоа посочи на одговорно однесување.

Вчера техничкиот премиер на државата Оливер Спасовски истакна дека избори ќе има 22 дена по укинување на вонредната состојба. Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ е против избори, и според Мицкоски и другите членови на партијата најбезбедно е изборите да се одржат во август или септември!

Министерот посочи дека со почитување на мерките може да се одржат и изборите кои беа одложени.

-Со придржување до мерките и протоколите изборите може да се одржат. Тоа значи маски, дистанца и миење раце. Ние не видовме заболен од маркет каде што се почитуваат мерките, туку имаме болни од отворен простор каде што не се почитувале мерките – изјави Филипче.

Министерот додаде дека овие избори поради пандемијата која владее во целиот свет,  ќе бидат организирани според строги правила, со цел секој гласач да биде заштитен.

-Во протоколите се наведува дека мора да има дистанца помеѓу гласачите, дека сите мора да носат маски, да ги дезинфицираат рацете, едноставно како и секаде на затворен простор. Секаде каде што може да се избегне потесен простор или гужва тоа да се направи – рече Филипче.

Претходно министерот на социлајните мрежи извести дека од работни обврски остануваат ослободени хронично болните и родителите на деца до 10 години.

Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките. Тие остануваат на сила и следува казни за секое нивно непочитување. Да носиме здолжително заштитна опрема, често да ги миеме рацете, како и да ја одржуваме потребната физичка дистанца од 1.5 до 2 метра. Вирусот е уште тука, да бидеме внимателни.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Се обврзуваме на високи и стабилни субвенции за земјоделците и модернизација на земјоделскиот сектор, крупни инвестиции во патната, енергетската и комуналната инфраструктура, реализација на голем број на проекти за младите во сите сегменти на
нивното живеење.

МИЦКОСКИ: Обновата ќе донесе проекти кои ќе го подобрат животниот стандард на сите граѓани

Во следните четири години ќе се заложиме за заштита на животниот стандард на пензионерите...

Тој во допис до медиумите вели дека објавените разговори се лаги од трети лица кои нема да ги попречат да даваат плати и да плаќаат даноци.

Вице Заев: Објавените разговори се лаги- Заеви се чесни и вредни Македонци

Откако денеска на Јутјуб каналот се појави нова аудио бомба за Заеви, се огласи и Вице...

Средствата со кои Градот Скопје ќе ги субвенционира занаетчиите за набавка на потребни алати и репроматеријали се во износ од 80% од нивната вредност, но не повеќе од 50.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход!

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СКОПСКИТЕ ЗАНАЕТЧИИ

Градот Скопје со цел да го поттикне развојот на традиционалните занаети во изумирање...

Од аудио бомбата Тушникот се фали дека добил зелено светло од Рашо кој најверојатно е Радиша Бојовиќ зет на Зоран Заев, а ќе оствари средба со братот на Зоран, Вице Заев за да се запали автомобил на човек од Битола затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ.

НОВА АУДИО БОМБА: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче даде црвен картон да не работи ништо

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа...