Процесот се одвиваше во повеќе фази, а почна со проширување на квотите за лекови, со што се надмина проблемот со недостиг од лекови, за пациентите, посочи министерот пред пратениците во комисијата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 март, 2021 17:16

ФИЛИПЧЕ: ИЗМЕНИТЕ НА ЗЗО ЌЕ ОВОЗМОЖАТ ГРАЃАНИТЕ БРЗО И ЕФИКАСНО ДА ДОБИЈАТ ТЕРАПИЈА ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ, А ДРЖАВАТА ДА ЗАШТЕДИ ПАРИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со измените на Законот за здравствено осигурување (ЗЗО), освен што ќе се воспостави систем на двојна контрола на издадени лекови, исто ќе има и онлајн комуникација меѓу лицето што ги издава лековите и тој што ги плаќа, ова го образложи министерот за здравство д-р Венко Филипче, на собраниската комисија за здравство каде на дневен ред беа измените на Законот за здравствено осигурување.

Процесот се одвиваше во повеќе фази, а почна со проширување на квотите за лекови, со што се надмина проблемот со недостиг од лекови, за пациентите, посочи министерот пред пратениците во комисијата.

Оваа Влада со воведување на електронскиот рецепт, овозможи брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време, објасни Филипче.

-Електронскиот рецепт се воведe за време на ковид кризата, кога практично се олесни патот на пациентите да стигнат до посакуваниот лек и сето тоа како надополнување на еден процес којшто претходно почна, во смисла на олеснет пристап до лекови, а тоа беше укинување на квотите во аптеките. Знаете дека имаше ограничување на бројот на лекови кои на пацинетите им беа достапни, а беа на товар на Фондот, оваа Влада го смени тоа и сега без никакви ограничувања сите пациенти во кој било дел од денот имаат пристап до лекови во аптеките. Нема гужви, нема турканици, нема чекање во првите неколку денови, го нема тој страв и паника кај пациентите, посебно оние заболени од хронични болести во текот на месецот дека лекот којшто им треба ќе го нема, како што тоа беше порано, рече Филипче.

Со следниот чекор, односно со уредбата со законска сила веќе е елиминирана и потребата за хартиниот рецепт односно, сега преку порталот може да се најави пациентот во аптеката и без хартиен рецепт да го подигне посакуваниот лек.

Тоа што сега се предлага е вистински финансиски документ, кој е потребен на Фондот од аптеките за да стигне во форма на фактура и практично да имаат финансиски документ директно од тие коишто ги издаваат лековите, затоа што треба да го платат трошокот на ФЗО РСМ за лекови, кој во текот на годината изнесува близу 50 милиони евра и е еден сериозен торшок. Фондот по детални дискусии и анализи на системот, после повеќе состаноци на тамошниот управен одбор, анализи како системот на контрола на лекови треба да се унапреди, за што веќе беше и развиен софтвер којшто е во функција, сега ќе се воспостави директна комуникација, која ќе се одвива меѓу системот Мој Термин, меѓу тие коишто ќе ги издаваат лековите и тие кои треба да ги платат лековите, појасни Филипче.  

Оваа директна релација, освен во делот на финансиското работење, ќе биде и уште еден механизма за двојна контрола на издадените лекови.

Овој процес што го почнавме се одвива во континуитет. Со ревидирање на позитивната листа, која не е ревидирана повеќе од 10 години, планираме нејзино унапредување и модернизирање. Има многу нови лекови достапни на пазарот и сето тоа бара една детална анализа, врз основа на достапност на лековите, врз основа на препораките на стручните здруженија за тоа каква терапија се користи за одредени ситуации. Тоа е еден сериозен систем во однос на зајакнување во еден дел од работата на Фондот, истакна министерот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.