Тој посочи дека зголемениот број на заболени од Ковид 19 всушност беше мал пик.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 септември, 2020 20:19

Филипче: Капацитетот во болниците е под контрола- бројот на заболени се намалува!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во вечерашното гостување во емисијата Топ Тема на телевизија Телма, министерот за здравство Венко Филипче рече дека бројот на смртни случаи од коронавирусот се намалува.

Тој посочи дека зголемениот број на заболени од Ковид 19 всушност беше мал пик.

Според него, многу е тешко да се утврди кои се фактори кои придонесуваат за смртноста.

-Се уште има пациенти кои доаѓаат многу доцна кај лекарите, во болниците. Ние секогаш за време на кризата немавме таква криза да нема болнички кревет за да се смести болен, рече Филипче.

Во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19.

Починати се 4 пациенти од Скопје (73 и 62г), Куманово (69г) и Тетово (72г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент.

Досега во земјата се направени вкупно 185.708 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17674, бројката на оздравени пациенти е 14642, на починати е 729, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2303.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За граѓаните коишто аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите во тек е процесот на предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување.

ПОДНЕСЕНИ 5000 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ – ЗАВРШУВА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ

Градот Скопје ги информира граѓаните дека завршува јавниот повик за доделување субвенции...

Оваа недела Шведска објави построги локални препораки за Упсала, универзитетски град на 70 километри северно од Стокхолм. Градот стана жариште на коронавирус откако студентите се вратија.

Швеѓаните ни мува не ги лази од КОРОНА- Филипче во паника, македонскиот здравствен систем пред колабс!

Иако бројот на лица заразени со коронавирус расте во земјата, Шведска останува на својот...

Во јули пак, на социјалните мрежи се прошири вест дека починал. За ,,Фокус”, во телефонски разговор тогаш порача дека не може да се изначуди каков свет има.

АМДИ БАЈРАМ: Заврши мојата ера, ама сите ќе ме памтат- ТИВКО ЗАМИНА И КРАЛОТ НА РОМИТЕ

Негов многу близок пријател и соработник, во телефонски разговор за ,,Фокус” ја потврди...