Досега во земјата се направени вкупно 105357 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 август, 2020 19:03

Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил апелираше до граѓаните да се придржуваат на мерките за заштита од Ковид 19, и лежалките кои се на плажите да се дезинфицираат задолжително пред и по користење. Тој апелира на носење заштитна маска како една од најважните мерки за заштита.

Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет. Да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19. Да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите родители, баби и дедовци. Затоа што нема ништо поважно од грижата за нашите најблиски. Носи заштитна маска, одржувај физичка дистанца, не се групирај и често миј ги рацете!

Воедно министерот информираше дека во последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 47
-Куманово 17
-Дебар 1
-Штип 23
-Тетово 12
-Струга 7
-Битола 1
-Охрид 3
-Кавадарци 9
-Гостивар 15
-Гевгелија 1
-Струмица 1
-Демир Хисар 1
-Македонски Брод 10
-Виница 2
-Свети Николе 2
-Кичево 12
-Неготино 2

Починати се 4 лица, пациент од Скопје, пациент од Кичево, пациент од Штип и пациент од Битола.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 185 оздравени пациенти од:

-Скопје 98
-Куманово 17
-Штип 25
-Битола 8
-Гостивар 15
-Радовиш 2
-Пробиштип 1
-Свети Николе 12
-Кичево 3
-Ресен 4

Досега во земјата се направени вкупно 105357 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11054, бројката на оздравени пациенти е 6882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3675.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој додаде дека ова е реализација на идејата да се примени принципот на мултимодалност во велосипедските политики со кои им се им се нуди можноста безбедно да ги паркираат своите велосипеди кај Транспортниот центар од каде што ќе можат да продолжат да користат воз, меѓуградски автобус или некој од градските и приградските автобуси на ЈСП Скопје.

ОТВОРЕН ПРВИОТ ВЕЛОШТАД ВО СКОПЈЕ

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и амбасадорот на делегацијата на ЕУ...

За реализација на овој план, однонсно создавање нов град со околу 10.000 жители била задолжена Агенцијата за просторно планирање.

Никола Груевски имал план за создавање нов град: Еве каде требало тој да се наоѓа

По 10 години владеење, ВМРО-ДПМНЕ, веќе 4 години не е на власт. Во периодот на нивното...

Филипче за сите оние кои незнаат како оди тестирањето, објасни дека најпрво доколку се појават било акви симптоми треба да се консултира матичниот лекар.

Филипче најави набавка на брзи тестови кои за 15 минути детектираат ковид-19

Во вчерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ министерот за здравство доц. д-р Венко...

Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на лице место излезе и тим од воената полиција.

Позната здравствената состојба на војниците кои утринава беа повредени во сообраќајна незгода!

Во врска со сообраќајната незгода која се случи утринава во која странично се преврте...