Со новите вработувања и зголемувањата на платите, Министерството за здравство создава услови секој млад здравствен работник својата иднина и кариера да ја гледа во својата земја!

Објавил: Стојче Бушин | 9 март, 2021 17:23

ФИЛИПЧЕ: МАРТОВСКАТА ПЛАТА ЗА 5% ЗА СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, најави зголемување за 5% на платите за сите вработени во јавно-здравствените установи.

Во денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг“, Филипче истакна дека покачувањето ќе биде и за медицинскиот, и за немедицинскиот пероснал вработен во здравствените установи.

-Тоа што денес треба да го утврдиме со Синдикатот е зголемувањето на платите за 5% на сите коишто се вработени во здравствениот сектор. Покачување на платите ќе има и за здравствени работници, и нездравствени работници и тоа треба да започне од месец март. Покачувањето е од овој месец односно на мартовската плата којашто се исплаќа во месец април – изјави Филипче.
Министерството за здравство во континуитет инвестира во човечки ресурси, освен зголемување на платите на здравствените работници и останатите вработени во јавно здравствените установи, во услови на ковид пандемија се реализираа 446 нови вработувања во јавното здравство.

Со новите вработувања и зголемувањата на платите, Министерството за здравство создава услови секој млад здравствен работник својата иднина и кариера да ја гледа во својата земја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Многу жалам за изгубениот млад живот. Но, не е вистина дека се работи за родилка и дека наместо папочна врвка и биле пресечни цревата.

Д-р Јовановска: Не е вистина дека се работи за родилка и дека наместо папочна врвка и биле пресечни цревата

33-годишна пациентка вчера починала на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје,...