Сакам да се заблагодарам на поддршката што ја дадовте на здравствениот систем и здравствените работници

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 декември, 2021 15:12

Филипче му подари слика на премиерот Заев: Ви благодарам на поддршката што ја дадовте на здравствениот систем

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска му врачи подарок, уметничка слика, на поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, за време на церемонијата на доделувањето на благодарници за здравствените работници од Ковид-центрите.

Уметничката слика е од авторот Мерсад Бербер, а му беше врачена на премиерот Заев од името на сите здравствени работници како благодарност за неговата поддршка на јавното здравство во битката со пандемијата.

Сакам да се заблагодарам на поддршката што ја дадовте на здравствениот систем и здравствените работници. Да се заблагодарам што не кажавте „не“ за барањето за која било инвестиција во здравството. И да се заблагодарам што успеавме, со ваша помош, здравствените работници да ги направиме повторно горди и ценети во нашето општество, рече Филипче.

Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство д-р Венко Филипче, на директорите и менаџерските тимови на клиниките од јавното здравство кои најнепосредно беа вклучени во борбата со пандемијата од КОВИД-19, денеска им ги предадоа плакетите што ќе им бидат врачени на над 8.000 здравствени работници во земјата за нивното пресудно и исклучително важно учество справувањето со последиците од вирусот и епидемијата.
 
На настанот на кој започна со едноминутно молчење во спомен на починатите од КОВИД-19, премиерот Заев истакна дека беа преземени соодветни и ефикасни мерки за да се запре фаталната природа и непредвидливоста на вирусот, да се намалат ризиците и да се пружи соодветна терапија и медицинска нега на заболените.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Две непознати лица пукаа од автоматска пушка„ калашњиков„ од автомобилот „ауди„ без регистарски таблици, кои паралелно се возеле со нивниот автомобил.

Ова беше најголемата љубов на Јелена Карлеуша – беше убиен 2000 година во својот автомобил АУДИ А-8

Зоран Давидовиќ, кој беше познат како Чанда, беше изрешетан 2000 година во својот автомобил...

“Нашата храброст го импресионира светот, нашата музика ја освојува Европа!
Следната година Украина ќе биде домаќин на Евровизија! По трет пат во својата историја. И верувам – не е последен.

Украина ќе биде домаќин на Евровизија, ќе се одржи во Мариупол, порача Зеленски

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски веднаш по победата на Украина на Евровизија...

Многумина веруваат дека ако се заречат дека на овој ден ќе одат на Духовден во манастирот Острог, нивната болест или болеста на некој нивни близок ќе исчезне „како однесена со вода“.

Денеска е Свети Василије Острошки- За многу години!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) утре е 29 април, Св. Василиј Острошки. Свети...

Блокадата, како што најавија, ќе трае се до распишувањето предвремени парламентарни избори. Најголемата опозициска партија најави дека и покрај блокадата на Парламентот, сепак ќе учествува во дебатата за ребаланс на буџетот.

ВМРО-ДПМНЕ од утре со активна блокада на Собранието се до распишување предвремени избори

ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партии донесоа едногласна одлука за започнување на блокадата...