Ова е втора кадаверична трансплантација и четврта од жив донор годинава. На 23 мај од починат донор се трансплантираа срце и бубрези. Во период кога здравствениот систем се соочува со ковид-19, Програмата за транплантација продолжува да се реализира!

Објавил: Стојче Бушин | 31 јули, 2020 12:07

Филипче: Направена нова кадаверична трансплантација, двајца пациенти добија бубрег од починат донор

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Утрово на Клиниката за Урологија беа експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент кај кој вчера беше потврдена мозочна смрт. Во моментов, во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35 годишна девојка која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација, објави министерот Филипче!

За жал, овој пат немавме соодветен примател на срцето и тоа нема да биде трансплантирано. Се заблагодарувам на семејството на донорот, кое во моментите на најголема болка одлучи да ги донира органите и да спаси уште најмалку два животи, потенцираше Филипче!

Да се донесе одлука да се даруваат органите на блискиот во моментите кога го губите засекогаш, е тешко. Потребно е многу сила, многу љубов и хуманост да мислите на нечиј туѓ живот кога го губите саканиот. Луѓето кои носат вакви одлуки се посебни. Бескрајно сме им благодарни што уште еднаш ни покажаа дека живот сепак може да се подари, вели Филипче!

Ова е втора кадаверична трансплантација и четврта од жив донор годинава. На 23 мај од починат донор се трансплантираа срце и бубрези. Во период кога здравствениот систем се соочува со ковид-19, Програмата за транплантација продолжува да се реализира.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Регистрирани сe 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 3,0% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.089; 45,4%), со неделна инциденца – 176,3/100.000.

ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ОД 11 ДО 17 ЈАНУАРИ, 2021Г: НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА НОВИ ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ И ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ, ЗГОЛЕМЕН БРОЈ ОЗДРАВЕНИ ЛИЦА

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 11 до 10 јануари...

Донацијата се состои од инфузиони пумпи за правилно дозирање терапија и венвјуери за скенирање на вени кај критични новороденчиња.

Амбасадата на Израел донираше апарати за критичните новороденчиња на детската клиника

Нашите најмали ја заслужуваат најдобрата здравствена заштита и нега. Денеска, амбасадата...

Министерот Филипче истакна дека Светската здравствена организација се покажа како еден од најсериозните и најголеми партнери од почетокот на ковид кризата, како и во претходниот период на други полиња на соработка.

СЗО ДОНИРАШЕ ТРИ БИОСЕЈФТИ КАБИНЕТИ ЗА ИНСТИТУТОТ ПО СУДСКА МЕДИЦИНА И ИНСТИТУТОТ ЗА МИКРОБИОЛОГИЈА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, шефицата на Канцеларијата на Светската...