Филипче за сите оние кои незнаат како оди тестирањето, објасни дека најпрво доколку се појават било акви симптоми треба да се консултира матичниот лекар.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 септември, 2020 10:58

Филипче најави набавка на брзи тестови кои за 15 минути детектираат ковид-19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, истакна дека се планира надградување на стратегијата за тестирање, односно најави дека ќе се набавуваат брзи тестови кои за 15 минути покажуваат дали го имаме вирусот Ковид 19.

Министерот за Здравство најави набавка на брзи тестови за Ковид 19…

„Сега на пазарот се подостапни брзи тестови за детектирање на вирусот, не на антителата, меѓутоа се брзи и за 10 до 15 минути го детектираат вирусот без лабораторија и без лабораториски апарат. Брис и една мала плочка. Ќе започнеме за кратко време со набавка. Тие ќе бидат дистрибуирани пред се во болниците и во соработка со Центрите за јавно здравје веројатно на граничните премини. Во болниците ќе овозможи многу брз резултат на пациентите кои што доаѓаат пред се на итните и на тие на коишто им е потребна некаква интервенција. За 15 минути, нема да има лабораториски апарат, ќе знаат вработените дали е пациентот позитивен или негативен со тоа точно ќе се знае дали ќе оди по патеката за корона позитивни пациенти или ние го викаме во „чистиот“ дел на болниците. За границите ќе направиме стратегија и тука ќе тестираме и евентуално детектираме некои суспектни групи коишто доаѓаат од странство“, рече министерот Филипче.

Филипче за сите оние кои незнаат како оди тестирањето, објасни дека најпрво доколку се појават било акви симптоми треба да се консултира матичниот лекар.

„Со два механизми може да се направи тест. Прво преку матичниот лекар пуштивме посебни термини со упат за интервенција, без разлика дали е дијагностичка, некоја од скопиите- бронхоскопија, гастроскопија или хируршка и со тој упат за таква интервенција матичниот лекар преку пунктот закажува тестирање ден или два пред операцијата согласно договорот со болницата или клиниката каде таа треба да се направи. И вториот механизам за 45 минути може да има тест ако пациентот се јавил во болницата. Има посебен модул преку системот „Мој термин“ сервисен упат да се заврши тоа тестирање. Значи, ако некој дојде во болница сигурно нема да се врати, може веднаш да се тестира. За еден час ќе го има резултатот со овој нов систем, уште повеќе тоа ќе го забрзаме“, потенцираше Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Хоти на средби со Ахмети и со Џафери: Македонските компромиси со Грција и со Бугарија да бидат референтна точка за дијалогот Белград – Приштина

Ахмети, Компромисите на Македонија требало да бидат бенчмарк, ајде мајката?

Косовскиот премиер упатил честитки за значајните промени, исклучителните реформи...

„Светот се освестува на опасностите од доверувањето на клучните комуникациски мрежи на непроверени и ризични производители.

САД и Македонија го потпишаа меморандумот за разбирање за безбедност на 5Г технологии

Најпогодени со потпишувањето на овие меморандуми се кинеските телекомуникацикси...

Ќе се борам во името на оваа моја генерација во политиката да докажам дека можеме поинаку од сѐ што до сега сте виделе.

Мораме да станеме бранители на моралот и етиката во политиката, порача Мицкоски!

Прифаќање на предлогот Гоце Делчев по националност да биде прогласен за Бугарин ќе...