Инаку вчера беа регистрирани 148 нови случаи на ковид-19 во земјава.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 септември, 2020 10:12

Филипче најави целосна забрана за настани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во врска со настанот „Бела ноќ“, министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека нивните информации се дека мерките се почитувале во рамките на организацијата, значи гостите седеле согласно препораките, столчињата биле на соодветна дистанца, но мерките не се почитувале надвор од организираниот простор.

– Во таа смисла најавивме претходните денови дека ќе преземеме и дополнителни рестриктивни мерки, а една од нив е целосна забрана за настани, ако видиме дека ова ќе продолжи. Многу земји во светот ги откажуваат настаните и концертите за практично цела 2021 година, стравувајќи од непочитување на мерките. Интензивно ќе следиме и ќе видиме што ќе преземеме, додаде Филипче.

Инаку вчера беа регистрирани 148 нови случаи на ковид-19 во земјава. Починати 3 пациенти од Прилеп (62г), Кочани (87г) и Гостивар (64г) и  65 оздравени пациенти.

 

Досега во земјата се направени вкупно 185.321 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17629, бројката на оздравени пациенти е 14581, на починати е 725, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2323.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За граѓаните коишто аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите во тек е процесот на предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување.

ПОДНЕСЕНИ 5000 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ – ЗАВРШУВА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ

Градот Скопје ги информира граѓаните дека завршува јавниот повик за доделување субвенции...

Оваа недела Шведска објави построги локални препораки за Упсала, универзитетски град на 70 километри северно од Стокхолм. Градот стана жариште на коронавирус откако студентите се вратија.

Швеѓаните ни мува не ги лази од КОРОНА- Филипче во паника, македонскиот здравствен систем пред колабс!

Иако бројот на лица заразени со коронавирус расте во земјата, Шведска останува на својот...

Во јули пак, на социјалните мрежи се прошири вест дека починал. За ,,Фокус”, во телефонски разговор тогаш порача дека не може да се изначуди каков свет има.

АМДИ БАЈРАМ: Заврши мојата ера, ама сите ќе ме памтат- ТИВКО ЗАМИНА И КРАЛОТ НА РОМИТЕ

Негов многу близок пријател и соработник, во телефонски разговор за ,,Фокус” ја потврди...