Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади.

Објавил: Стојче Бушин | 21 септември, 2020 6:11

Филипче: Најостро го осудувам нападот на лекарот, нема оправдување за насилство

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Лекар кој бил дежурен на Клиниката за  токсикологија вчера попладне бил нападнат од родител на дете, по што поради повреди бил пренесен на Ургентниот центар!

Родителот го донел детето на Токсикологија, но таму му било речено дека на оваа клиника се прегледуваат деца постари од 14 години упатувајќи го кон Педијатрија.

Но, родителот не сакал да замине, по што се случил инцидентот.

Лекарот имал повреди на главата поради што морал да биде пренесен во Ургентниот центар, а по укажаната помош бил пуштен дома.

Министерот Филипче го осуди нападот на лекарот и рече дека за ова насилство нема оправдување!

Денеска физички беше нападнат колега, лекар на Клиниката за токсикологија. Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство.
За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи.
Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат, рече министерот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Протестот почна од паркот во Чаир, но пред Мавровка бројни полициски сили и окопни транспортери ги запреа демонстрантите.

СЕДУМ ПОЛИЦАЈЦИ ПОВРЕДЕНИ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПРЕСУДИТЕ ЗА „МОНСТРУМ“

По три часа тензии, заврши протестот за случајот „Монструм“. Дел од демонстрантите,...

Од МВР за Сител велат дека полицијата интервенирала поради загрозување на здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија.

Вевчани и Вевчанци беа нападнати од сопствената власт

И покрај апелите од надлежните, вевчанци не се откажаа од одржување на традиционалниот...

СВР Охрид презема мерки за расчистување на настанот, се вели во соопштението од СВР Охрид.

Горан Балески, директорот на Општа болница Охрид учествувал во тепачка на улица „Сирма Војвода“

ГОРАН БАЛЕСКИ, ДИРЕКТОРОТ НА ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД, УЧЕСТВУВАЛ ВО ТЕПАЧКА НА УЛИЦА „СИРМА...

(19) и сопатник К.М.(21), кои побегнале од местото. По насока на Јавен обвинител двете лица се пронајдени, приведени и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Спасовски: Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се толерираат

Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се...