Оваа средба беше редовна коориданција околу отворањето на новите болнички капацитети за ковид пациенти во рамки на хируршките клиники.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 ноември, 2020 12:28

ФИЛИПЧЕ НА РАБОТЕН СОСТАНОК СО КОЛЕГИТЕ ОД ХИРУРШКИТЕ КЛИНИКИ И КОВИД ЦЕНТРИТЕ НА ИНТЕРНИТЕ КЛИНИКИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче се сретна со д-р Александар Трајановски, директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) и со директорите на ковид центрите од комплексот „Мајка Тереза“.

Оваа средба беше редовна коориданција околу отворањето на новите болнички капацитети за ковид пациенти во рамки на хируршките клиники.

На состанокот се разговараше за реализација на новиот ковид оддел, во рамки на ТОАРИЛУЦ, кој ќе биде активиран ако за тоа има потреба, а согласно епидемиолошката состојба во државата и бројот на пациенти кои бараат хоспитализација.

Во моментот има околу 500 легла во ковид центрите во Скопје, со план за дополнителни 100 кревети на ОРЛ и на хируршките клиники. Дополнителни 100 кревети ќе се обезбедат и од страна на приватните болници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Регистрирани сe 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 3,0% во однос на минатата недела.

ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ОД 11 ДО 17 ЈАНУАРИ, 2021Г: НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА НОВИ ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ И ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ, ЗГОЛЕМЕН БРОЈ ОЗДРАВЕНИ ЛИЦА

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 11 до 10 јануари...

Со крвна плазма досега се третирани 661 пациент. Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот.

ДАРУВАЊЕТО КРВНА ПЛАЗМА НАЈВИСОК ЧИН НА ХУМАНОСТ, ДОСЕГА ОБЕЗБЕДЕНИ 802 ЕДИНИЦИ, ТРЕТИРАНИ 661 ПАЦИЕНТ

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици...