илипче рече и дека од утре ќе биде отворен телефонски број на кој ќе можат да се јават луѓето кои доаѓаат од регионот Вухан и кај кои можат да се јават симптоми за да не одат кај матичен лекар и амбуланти.

Објавил: Сара Фемина | 26 јануари, 2020 15:02

ФИЛИПЧЕ: Нема корона во Македонија- Патници од Истанбул и Дубаи ќе се скенираат со термални камери

Фото/Текст извор: ©магазин.м

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека од утре ќе се скенираат со термална камера патниците од летовите од Дубаи и Истанбул, кои имаат конекција со регионот Вухан во Кина, од каде што почна да се шири коронавирусот, од кој досега се починати 56 лица.

Филипче рече дека нема простор за паника и дека Македонија нема директни летови со овој регион во Кина што значи дека луѓето кои евентуално би дошле од таму се веќе неколку пати скенирани на другите аеродроми.

Тој потенцира дека веќе од утре за летовите кои што имаат врска со овој регион од Кина, како летовите од Дубаи и Истанбул, патниците ќе се скенираат со термална камера.

Станува збор за вирус кој што дава многу слични симптоми на грипот. Може да помине со лесна, средна форма, но има и тешки форми кои што веќе предизвикаа смрт кај пациенти заболени од овој вирус. Морам да потенцирам дека тоа се пациенти кои се постари, со намален имунитет, и пациенти со хронични заболувања. Во однос на пристигнување на вирусот преку роба, епидемиолозите сметаат дека тоа е практично невозможно, но ние ќе преземеме мерки на превенција.

Веќе од утре за летовите кои што имаат врска со овој регион од Кина, како летовите од Дубаи и Истанбул, патниците ќе се скенираат со термална камера. Нашиот аеродром, според последните евалуации, е на највисоко ниво за детекција и рано препознавање и рана изолација доколку кај потенцијалните заразени се најдат вакви симптоми.

Ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават прегледи, но со оглед на тоа што е сезона на грипови се очекуваат и лажни позитивни резултати“, изјави Филипче по состанокот на Комисијата за заразни болести.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје рече дека малолетното девојче било првиот смртен случај асоциран со грип оваа сезона.

Четиринаесет годишно девојче почина на Клиниката за детски болести

Вчера на Клиниката за детски болести почина 14- годишно девојче како последица од...

Пристигнати се 4-5 патници од места оддалечени 1 000 километри од Вухан, но, како што вели министерот за здравство Венко Филипче, немаат никакви симптоми и дадени им се насоки што треба да прават доколку им се јават.

Филипче: Ако добиеме заболен од коронавирус, има болнички дел во одделение на Инфективната клиника

Досега кај нас немало патници со индиции за специфично тестирање од коронавирус, вели...

Од таму велат дека се преземени приоритетни чекори и претставници на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство од минатата недела континуирано информираат за состојбата со коронарниот вирус.

Во Македонија нема причина паника за корона вирус- ситуацијата е целосно под контрола

Северна Македонија ги следи препораките од Светската здравствена организација во...

Од ИЈЗ посочуваат дека се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување пик на сезоната на грип во текот на следните недели.

Регистрирани 1.100 заболени од грип- меѓу нив и четири деца

Во периодот од 13 јануари до 19 јануари во државава се регистрирани 1.100 заболени од грип....