Филипче: Ниту едно дете нема да примено во градинка и во училиште невакцинирано

Објавил: Сања Кукиќ | 17 април, 2019 14:08

Филипче: нема настава и згрижување на невакцинирани деца!

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Училиштата и градинките ќе ги затворат вратите за децата кои не се вакцинирани против морбили. Министерот за здравство во обид да ја спречи епидемијата, вели не е протвуставна неговата одлука.

Најдовме и одлуки на Уставниот суд, што претходно одлучувал по претставки доставени од родители во 2014 година и 2015 година. Јасни се одлуките на Уставниот суд дека никој нема право да го загрозува јавното здравје, ниту има право со својата волја да го загрозува правото на детето да биде здраво, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека има доволно МРП вакцини.

Вчера беше прогласена епидемија на морбили на цела територија на Македонија. Ваков заклучок е донесен по состанокот на Комисијата за заразни болести, со цел да се спречи понатамошното ширење на малите сипаници.

Појасни дека мултисекторската група ги разгледувала сите важечки закони и заклучиле дека има позитивна законска регулатива и покрај една контрадикторност во Законот за задолжително основно образование, тоа е задолжително за секое дете. Меѓутоа, како што рече, има многу прецизно дефинирани членови во законите за здравствена заштита и за заштита на населението од заразни болести, во правилиците за имунизација, каде таа е задолжителна, дека децата мора да се вакцинираат.

Тој рече дека за неколку опции разговарале во текот на вчерашниот состанок на Комисијата за заразни болести и ова биле мерките кои експертите ги препорачале.

– МРП вакцини има сосема доволно, веќе има и нови количествс од новата набавка и тие до петок ќе бидат дистрибуирани во сите центри за јавно здравје. Имаше недостиг на одреден тип вакцини (полио), заради тоа што со постапката за набавка тој тип вакцини се замени со сосема нов. Стануваше збор за ревакцина, а не за редовна и не станува збор за морбили. Ја заменивме со нов ацелуларен тип, кој дава помалку реакции при вакцинирањето и е тренд во светот, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по одбележувањето на Светскиот ден хемофилија

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести