Инаку денеска Комисијата за заразни болести на состанок утрово донела одлука од утре за влез во земјава да биде задолжителен ПЦР тест. Одлуката на Комисијата ја објави и министерот за здравство на фејсбук.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 јули, 2020 16:27

Филипче: Нема потреба од враќање на полицискиот час!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека во нашата земја с енамалува бројот на новозаразени пациенти од коронавирус, односно оние кои се хоспитализирани во болниците.

Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7406, бројката на оздравени пациенти е 3554, на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3493.

Имено тој истакна дека во моментот нема потреба да се следи примерот на соседна Србија каде беше вратен карантинот и полицискиот час.

Нема да има потреба од повторно воведување на рестриктивни мерки, како полицискиот час во Србија кој претседателот Александар Вучиќ го најави за петок од 18 часот, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Воедно денеска во Македонија бројот на заразени пациенти од Ковид-19 е 163 нови случаи.

Починати се 8 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени лица.

Инаку денеска Комисијата за заразни болести на состанок утрово донела одлука од утре за влез во земјава да биде задолжителен ПЦР тест. Одлуката на Комисијата ја објави и министерот за здравство на фејсбук.

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата на Република Северна Македонија од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Оваа препорака, Комисијата ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во Охрид само петмина пазарни инспектори работат да ги казнат оние што не ги почитуваат протоколите, а на помош викендов им дошле и колегите од Скопје и од Гостивар.

Поднесени две кривични за забавите на Градиште!

Поднесени се 2 кривични пријави за забавите организирани во Градиште, на плажите 2 и...

Согласно податоците од Министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

Мицкоски: Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадолженост, долгот достигна 59,5%

Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадоженост. За само три месеци владата...

Собраниските служби,пак, се подготвуваат согласно мерките за заштита од коронавирусот за одржување на конститутивната седница во големата сала со купола каде што ќе биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни. Гласовите на оваа седница ќе се бројат рачно, а веројатно и на тие потоа, имајќи предвид дека во неа нема инсталирано систем за гласање.

Џафери ја напушта Инфективна, можно е да ја води конститутивната седница

Денеска претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери, кој беше хоспитализиран...