Затоа уште еднаш апелирам, да се воздржиме од групирање и да одржуваме дистанца, да сме внимателни и да носиме заштитна опрема и да се грижиме за личната хигиена!

Објавил: Стојче Бушин | 30 мај, 2020 18:55

ФИЛИПЧЕ: Не можеме вечно да живееме во карантин!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Од почетокот на кризата со коронавирусот, на секој јавен настап повторувам една работа – вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките, вели министерот за Здравство, Венко Филипче!

Оние кои не веруваат во ова треба да ја погледнат состојбата во општина Дебар. Дебар беше прва општина која влезе во карантин, а денес е општина во која со недели нема ниту еден нов случај.

Ова е заслуга на граѓаните и нивното дисциплинирано однесување. 

Ние не можеме вечно да живееме во карантин. Тоа е штетно за менталното здравје на граѓаните, за економија, за целото општество.

Имаме два избори, или ќе го продолжиме да го враќаме животот во нормала почитувајќи ги безусловно мерките или ќе се враќаме назад кон силни рестрикции. Изборот е наш, вели Филипче!

Друг излез од оваа состојба, за жал не постои.
Јас силно верувам дека ќе избереме да го нормализираме животот заштитувајќи го нашето лично здравје, колективното здравје и здравствениот систем.

Затоа уште еднаш апелирам, да се воздржиме од групирање и да одржуваме дистанца, да сме внимателни и да носиме заштитна опрема и да се грижиме за личната хигиена, потенцира министерот Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

За 30 проценти го зголемивме капацитетот на одделот за интензивно лекување. Истиот е целосно реновиран и обезбедена е нова медицинска и немедицинска опрема, како и нова централна климатизација на овој оддел, вели Филипче.

Филипче: Целосно е реновиран одделот за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија

Министерството за здравство информира дека изминатите три години на Универзитетската...

Ова е одличен резултат на политиката на инвестирање во млади лекари и медицински сестри. Само преку ваква грижа на младите им даваме шанса да останат и да работат во нашата земја, во нашето јавно здравство, потенцира Филипче.

Филипче: Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина

Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина, објави министерот за здравство...

Тој потенцираше дека Скопје се уште е најголемо жариште на вирусот, а Чаир е општина со најголем број на заболени

Д-р Стојанов: Сѐ поголем е бројот на млади кои завршуваат на респиратор

Др. Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје Скопје за телевизија Сител...