Во однос на модуларните болници, Филипче рече дека се запазени сите стандарди. Истрагата ќе утврди дали по предавање на објектот за користење, тој бил одржуван.

Објавил: Сара Фемина | 9 септември, 2021 18:26

Филипче не поднесува оставка, ќе чека да заврши истрагата

Фото/Текст извор: ©магзин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче одржува прес конференција по страшната трагедија во модуларната болница во Тетово , каде животот го загубија 14 лица, а 12 се борат за живот. 

Не бегам од одговорност, но одлуката за тоа дали ќе поднесам оставка, ќе ја донесам по завршувањето на истрагата, изјави министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата по повод вчерашната трагедија во модуларната болница во Тетово, во која загинаа 14 лица.

Во ковид центарот имало 26 пациенти, медицинскиот персонал бил составен од двајца лекари и четири и медицински сестри. Нема повредени и починати медицински работници. 

„Починатите се на возраст од 29 до 79 години и ќе се прават анализаи на днк за утврдување на идентитетот, – рече Филипче.

Во однос на модуларните болници, Филипче рече дека се запазени сите стандарди. Истрагата ќе утврди дали по предавање на објектот за користење, тој бил одржуван.

Квалитетот на модуларните болници имал сертификат од производителот, а процесот на инсталација е со А тест и под надзвор на акредитирана компанија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Регистрирани сe 111 оздравени пациент од: Куманово – 27, Гостивар – 15, Охрид – 12, Штип – 10, Прилеп – 7, Битола – 6, Скопје – 5, Кочани, Крива Паланка и Пробиштип – по 4, Кичево и Кратово – по 3, Велес, Радовиш и Берово – по 2, Тетово, Делчево, Виница, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

227 нови случаи на ковид-19 – пријавени се 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно...

Согласно информациите, во земјава вакцинирани се 46 проценти од полнолетната популација. А пак дури, 74% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.

Големи гужви пред вакциналните пунктови за трета доза на вакцина

Гужви има пред повеќето вакцинални пунктови за примање на трета доза на вакцина, пренесува...

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 16.09.2021 до 04.10.2021 година.

107 нови случаи на ковид-19 – починале 19 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во...