Филипче не размислува за оставка!

Објавил: admin@magazin | 10 ноември, 2021 12:57

Филипче: Не размилсувам за оставка

Фото/Текст извор: ©филипче

Министерот за здравство Венко Филипче не размислува да поднесе оставка поради актуелните случувања во СДСМ.

-Не, не размислувам во таа насока, кусо одговори Филипче на новинарско прашање на денешната прес-конференција на која соопшти детали за КОВИД-состобата во земјава.

На прашањето, пак, дали некој ќе понесе одговорност, морална или кривична, за трагедијата во тетовската модуларна болница од која поминаа два месеца, Филипче рече дека тоа е е прашање за Обвинителството. 

Укажа и дека домашните собири како слави и прослави кои следат во претстојниот период се голем ризик за ширење на заразата и апелираше дека мора да се почитуваат протоколите за собирање во затворен простор.

Се менува сликата за релативно стабилната епидемиолошка состојба и прв индикатор за тоа е РХ факторот. Можеме да кажеме дека овој бран е очекуван гледајќи ја сликата секаде во регионот, односно за тоа покажуваат и бројките во Грција, Хрватска, Србија, Бугарија каде што бројот на заразени и смртни случаи е исто така зголемен. Од вкупно 8.006 активни случаи, хоспитализирани се 518 пациенти. Добро е што нема голем притисок во болниците, односно според она што го имаме како информација од Клиниката за инфективни болести, дневно за преглед се јавуваат од 60 до 80 пациенти позитивни на ковид-19. До крајот на оваа недела или почетокот на следната ќе заврши и постапката за секвенционирање, односно да видиме која мутација е доминантна”, изјави Филипче на прес-конференција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.