Тој исто така потенцираше дека носењето на маска во училиште за кое многумина се сомневаа дека може да биде и ризично, не претставува никаков ризик за децата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 октомври, 2020 15:39

Филипче: Носењето маски во училиште не претставува никаков ризик за учениците!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во гостување во Дневникот на телевизија Сител изјави дека превентивните мерки се димензионирани за максимално да го штитат здравјето на децата и дека почетокот на учебната година не носи никаков ризик по нивното здравје.

Тој исто така потенцираше дека носењето на маска во училиште за кое многумина се сомневаа дека може да биде и ризично, не претставува никаков ризик за децата.

„Нема никаков ризик, ниту по респираторниот систем. Тоа е единствениот начин во којшто децата може да спречат трансмисија на вирусот. Нема никаква контраиндикација за носење маски кај таа категорија деца на таа возраст. Не може да очекуваме никакви компликации, никакво пореметување во нивниот развој. Значи станува збор за сосем безбедна препорака. Родителите не треба да стравуваат”, истакна министерот Филипче.

Филипче посочи дека на почетокот не месец октомври важно е да има што помал број деца во затворена просторија. Доколку остане стабилна епидемиолошката состојба, ќе се дозволи уште неколку одделенија да бидат со физичко присуство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести