Преземавме конкретни мерки со мобилна полициска патрола на најкритичните јавно-здравствени установи за да не се случуваат вакви инциденти.

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 септември, 2019 14:42

ФИЛИПЧЕ ОД ПРОТЕСТОТ: “Со насилство врз здравствените работници не се постигнува ништо”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Почитувани пациенти, ние сме со вас. Секојдневно се грижиме за вашето здравје, но и здравјето на вашите најблиски. Моето присуство на денешниот протест е поддршка, затоа што со насилство врз здравствените работници не се постигнува ништо, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче кој присуствуваше на протестот против насилството врз медицинските работници кој го организираше Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ).

-Моето присуство на денешниот протест е поддршка, затоа што со насилство врз здравствените работници не се постигнува ништо. Нападот е недозволив и казнив според закон, вели министерот Филипче.

Моето присуство на денешниот протест е поддршка, затоа што со насилство врз здравствените работници не се постигнува ништо. Нападот е недозволив и казнив според закон, вели министерот Филипче.

-Преземавме конкретни мерки со мобилна полициска патрола на најкритичните јавно-здравствени установи за да не се случуваат вакви инциденти. Мора да ја вратиме довербата меѓу пациентите и здравствените работници.

-Преземаме мерки за да го вратиме и достоинството на здравствените работници. Преку вработувања, зголемени плати, дежурства, едукации итн, тие да бидат да бидат мотивирани и задоволни во својата работа. Вршиме хумана дејност, довербата меѓу пациентите и здравствените работници е најважна.

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, денеска излегоа на протест во Клиничкиот Центар по повод напади те кои се случија изминатиот период врз медицинските работници од страна на пациенти и нивни роднини.

Медицинските работници изјавија дека ова ќе биде последен протест како предупредување до надлежните институции да го решат овој голем проблем во здравството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство