Во среда ја почнуваме вакцинацијата со здравствените работници во модуларната болница во Клинички центар, изјави министерот за здравство, Венко Филипче од Табановце!

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 февруари, 2021 11:30

Филипче од Табановце: Во среда ја почнуваме вакцинацијата со здравствените работници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пристигнаа 4680 од вкупно 8000 вакцини од компанијата Фајзер како поддршка од Владата на Република Србија.

Во среда ја почнуваме вакцинацијата со здравствените работници во модуларната болница во Клинички центар, изјави министерот за здравство, Венко Филипче од Табановце!

Упатувам благодарност за овој пријателски гест до претседателот Вучиќ. Во текот на утрешниот ден ќе се заврши регуларната процедура во Агенцијата за лекови, после што сме подготвени за вакцинација.

Вакцинацијата ќе се одвива во три фази согласно утврдениот Национален план за имунизација на населението.

Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција.

Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Успешно заврши првата трансплантација на бубрезите кои доцна во ноќта беа експлантирани на Клиниката за урологија.

Бубрегот од починатата девојка трансплантиран кај 27-годишен пациент, во тек втората трансплантација

Претпладнево на Клиниката за урологија е извршена операција за трансплантација на...