Зголемување на бројот на специјализации и склучување стратешки договор со Универзитетската болница во Франкфурт за размена на кадри!

Објавил: Стојче Бушин | 28 јуни, 2020 17:46

Филипче од Штип: Ќе обезбедиме 70 нови возила до крајот на мандатот за итна медицинска помош

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Корона кризата покажа дека здравството е еден од столбовите на државата. До крајот на 2020 ќе ја дефинираме 10 годишната стратегија за издвојување и инвестиции во здравство и ќе побараме широка собраниска поддршка за неа, истакна министерот за здравство, Венко Филипче од Штип.

На здравствениот систем му треба стабилно и повисоко вложување!

Во следниот мандат, овозможуваме:

Зголемуваме на платите на здравствените работници и соработници за 10%, значи вкупно 40% за целокупниот следен мандат;

Сите млади лекари кои се на специјализација и се надвор од Скопје ќе добијат 12 000 денари субвенција за решавање на станбеното прашање, вели Филипче!

Зголемување на бројот на специјализации и склучување стратешки договор со Универзитетската болница во Франкфурт за размена на кадри;

Зголемување на бројот на специјализации и склучување стратешки договор со Универзитетската болница во Франкфурт за размена на кадри!

Воведување на проектот „Телемедицина“ каде ќе патува информацијата, а не пациентот, со поврзување на клиничките болници со Универзитетскиот Клинички центар. Со ова, секој пациент ќе добие навремена и брза интеренција;

До крајот на мандатот ќе започнеме проект за енергетска ефикасност на сите болници и здравствени домови во нашата земја;

Реновирање на најстарите одделениjа во здравствените установи;

Обезбедување на 70 нови возила до крајот на мандатот за итна медицинска помош;

Почнување со изградбата на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје;

Затоа што можеме уште повеќе и уште подобро, потенцираше Филипче од Штип!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Ова е одличен резултат на политиката на инвестирање во млади лекари и медицински сестри. Само преку ваква грижа на младите им даваме шанса да останат и да работат во нашата земја, во нашето јавно здравство, потенцира Филипче.

Филипче: Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина

Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина, објави министерот за здравство...

Тој потенцираше дека Скопје се уште е најголемо жариште на вирусот, а Чаир е општина со најголем број на заболени

Д-р Стојанов: Сѐ поголем е бројот на млади кои завршуваат на респиратор

Др. Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје Скопје за телевизија Сител...

Продолжуваме со нови проекти за здравствените работници и инвестиции во подобро здравство!

ФИЛИПЧЕ: Корона кризата потврди дека здравствениот систем е еден од основните столбови на државата

Корона кризата потврди дека здравствениот систем е еден од основните столбови на државата....