Кандидатите за претседател на СДСМ ги образложуваат своите програми во вантрепартиската кампања. Венко Филипче во својата програма предвидува во врвот на партијата да активира искусни политичари и експерти, поранешни високи функционери во СДСМ кои на дневна основа ќе ги следат политичките случувања и навремено ќе реагираат.
Тој планира СДСМ да има совет за политика и стратегија, секретар за односи со општинските и месните комитети, комисија за етика и одговорност, секторски комисии, како и промена на начинот на внатрепартиските избори за општински раководства. Ќе има и совет на ветерани составен од искусни политичари на СДСМ, кој ќе служи како советодавен одбор на претседателот.
„Советот за политика и стратегија ќе се состои од политичари, експерти и надворешни соработници кои на дневна основа ќе ги анализираат политичките состојби и ќе креираат стратегии и политики за партијата. Советот ќе биде задолжен да го контролира идеолошкиот развој и позиции на партијата и да ги усогласува политиките на социјалдемократските принципи“, наведува Филипче во својата објава.
Тој наведувадека советот ќе игра клучна улога во зајакнување на кохезијата во партијата и обединување на сите струи и крила. Пред членството на партијата во овие два града им ја претставил својата програма преку која, како што се наведува во првото соопштено од неговата кампања, ветува дека СДСМ ќе биде ефикасна и функционална партиска организација која работи во интерес на членовите и граѓаните.
„Јас не верувам во наметнати решенија туку инклузивни политики на менаџирање. Довербата во членството и граѓаните ќе ја вратиме со достапност, отвореност, одговорно однесување на сите партиски членови, особено на високите партиски и политички функционери“, рече Филипче, се наведува во соопштението.
Воведувањето на внатрешни избор за претседатели на општинските организации, како што се додава, е содржано и во програмата на Филипче со која ќе ја бара довербата од членството во трката за лидерската позиција во СДСМ
„Со воведување внатрешни избори за позициите на претседатели на општински организации, ќе ја зголемиме довербата меѓу членовите и граѓаните, ќе ги избереме најдобрите кадри со најголема поддршка, ќе обезбедиме и ќе ја вратиме довербата на јавноста во нашата партија. Новото раководство на партијата ќе дефинира јасни насоки и правила за внатрешниот изборен процес, обезбедувајќи транспарентност и правичност“,пишува во програмата на Филипче.
Внатрепартиските избори во СДСМ се закажани за 30 јуни. Право на глас имаат сите членови на партијата со активно членство и со избор помеѓу четири кандидати – Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски.
Види и ова:
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.