Народна Република Кина е партнер со чиишто вакцини ќе се придонесе до постигнување на поголем опсег на вакцинација на населението во државата, а со тоа и значајна поддршка при стекнување на колективен имунитет.

Објавил: Владо Марин | 23 јуни, 2021 9:25

Филипче: Поддршката од Кина и кинескиот народ е од огромна важност за здравствениот систем

Фото/Текст извор: ©магзин.мк

Во изминатиов период во интензивна комуникација помеѓу министерот за здравство д-р Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо се реализираа значајни договори кои придонесоа за значително зајакнување на здравствениот систем.

Народна Република Кина е партнер со чиишто вакцини ќе се придонесе до постигнување на поголем опсег на вакцинација на населението во државата, а со тоа и значајна поддршка при стекнување на колективен имунитет.

Во месец мај годинава пристигнаа 100.000 вакцини од производителот Синофарм, со што започна процесот на масовна вакцинација. Во периодот што следува очекуваме да пристигне и значајната количина на вакцини Синовак.

Сакам да изразам благодарност за поддршката од Кинеската Амбасада и амбасадорот Џанг Ѕуо за неговите заложби во целокупниот изминат период. Поддршката од Народна Република Кина е од огромна важност за здравствениот систем. Во текот на месец март и април оваа година Кинеската Амбасада донираше на Министерството за здравство на Република Северна Македонија медицинска опрема за третман на пациенти заболени од Ковид-19 вирусот во износ од 38.500 Евра. Оваа опрема беше соодветно распределена низ ковид центрите каде што беше најпотребна за третман на заболените пациенти. Дополнително, во текот на февруари 2021 година Црвениот Крст на Кина донираше на Министерството за здравство финансиски средства во износ од 100.000,00 долари за набавка на лекот фавипиравир. Во текот на изминатата година Кинеската Амбасада донираше на Министерството за здравство финансиски средства во износ од 30.000 Евра и лична заштитна опрема како заштитни хируршки маски, Н95 маски, скафандери, каљачи, ковид тестови итн. – потенцираше министерот Филипче во денешната изјава за медиуми.

Со ова се потврдува партнерството и близината помеѓу двете земји, двата народи, а соработката продолжува и во периодот што следува.

И покрај ограничениот производствен капацитет и огромната побарувачка дома, Кина ја испочитува својата обврска со обезбедување вакцини за Северна Македонија. Кина е подготвена да ја продолжи соработката со Северна Македонија, како и со другите земји за да ги надминеме заедно лошите времиња. Ние цврсто се спротивставуваме на обидите да се користи пандемијата за да се продолжи со стигматизација и политичка манипулација. Треба да се вложат напори за заштита на животот и здравјето на луѓето, како и за обезбедување на нивните основни права и нормален живот. Со заеднички напори од владата на Северна Македонија, Министерството за здравство, медицинскиот персонал, особено јавноста, бројот на нови случаи значително се намали. Процесот на вакцинација е извршен на уреден начин. Кина е подготвена да продолжи да го поддржува народот на Северна Македонија во борбата против пандемијата за рана победа. – изјави денеска амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Потенцираат дека во моментов 1.112 пациени со тешки симтоми се лекуваат во ковид одделенијата, околу 30 пациенти се на респиратор, а близу 700 се на кислородна маска.

Директорите на сите ЈЗУ со писмо до Заев: Не ја прифаќаме оставката на Филипче

Директорите на Јавните здравствени установи во земјава испратија писмо до премиерот...

Според нашите сознанија компанијата Фајзер е најдалеку отидена во овој дел, изјави Филипче во вчерашното гостување во дневникот на Сител.

Засега препорака за трета доза само од една компанија, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека засега само американската агенција...