Тој изјави дека капацитети во болниците кои згрижуваат пациенти со Ковид-19 има, а поголем предизвик претставува кадарот. Според него, во Скопје има 26 специјалисти по инфективна медицина, и уште толку низ другите градови низ Македонија.

Објавил: Стојче Бушин | 20 јуни, 2020 15:43

Филипче: Покажавме дека здравствениот систем функционира и може да му се верува

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „Само Интервју“ на телевизија Канал 5 се осврна на медицинскиот кадар и болничките капацитети за третман на пациенти со Ковид-19.

Тој изјави дека капацитети во болниците кои згрижуваат пациенти со Ковид-19 има, а поголем предизвик претставува кадарот. Според него, во Скопје има 26 специјалисти по инфективна медицина, и уште толку низ другите градови низ Македонија.

„Знаејќи ја оваа состојба, уште на почетокот направивме ротација на кадарот со лекари од другите градови во земјата и од други клиники. Сите тие веќе ротираат и помагаат, пред се во болниците во Скопје каде што е и најголемиот удар“, истакна министерот Филипче.

На прашањето за стручноста на медицинските лица кои доаѓаат од другите градови да помагаат на клиниките во Скопје, Филипче најостро демантираше дека здравствените работници од внатрешноста кои се дојдени да помогнат се неспремни или нестручни.

„Она што е многу важно е дека докторите од внатрешноста се со огромен број години искуство со пациенти од областа на интерната медицина, инфектологијата, пулмологијата итн. Нивното познавање е на одлично ниво. Ваквите тврдења апсолутно ги осудувам и тврдам дека сите коишто се ангажирани во овој процес имаат одлично ниво на експертиза и знаење. Во сите инфективни одделенија низ државава имало вакви пациенти, ова е болест којашто има сериозна манифестација на белите дробови, на крвта, таа е нова болест насекаде во светот, меѓутоа пристапот, анализите, индикациите за препишување на различна терапија е нешто што се прави по сите светски протоколи и медицината базирана на докази“, потенцираше Филипче.

Тој истакна дека целиот медицински кадар вклучен во третманот и лекувањето на пациентите со Ковид-19 е исклучително професионален и искусен во својата област, нашите експерти се признати од СЗО и нивните колеги од околните земји ги упатуваат  да се консултираат со нашите виролози, а здравствениот систем одлично се справува со напливот на заболени од Ковид-19.

„Покажавме дека системот функционира, и дека луѓето може да му веруваат на нашиот здравствен систем. Целокупниот наш капацитет е ангажиран во третманот на пациентите со Ковид-19, и специјалисти на инфективната клиника, интернисти и специјалисти од анестезионологијата, сите медицински лица кои директно се врзани за експертизата за третманот на пациенти болни од Ковид-19.“, рече Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Тврди дека зад кривичната пријава за пишан текст, има политички мотиви, директно споменувајќи дека е по нарачка на директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски.

Златев за Алфа: Веднаш треба да ме притворат, ќе продолжам да објавувам документи од јавен интерес

Ако кривичниот прогон против мене нема политичка позадина веднаш треба да одам во...

Али Ахмети не ги интересираат Албанците, туку сопствените џебови. Замислете ДУИ да не изненади и предложи исклучително сериозен и чесен Албанец за премиер. Јас не мислам дека тоа ќе се случи, но ајде да замислиме таква ситуација.

МИЛЧИН: Али Ахмети не ги интересираат Албанците, туку сопствените џебови

Режисерот Владимир Милчин за емисијата „Само вистина“ изјави дека овие биле први...

„Не знам, тоа ќе видиме како ќе биде текот на кампањата. Ние како МВР располагаме со оперативни информации дека одредени криминални структури ќе бидат искористени за вршење поткуп и притисок да се гласа, меѓутоа работиме на терен“, рече Чулев.

Чулев: Имаме информации дека криминални структури ќе вршат поткуп и притисок врз гласачи

Во вчерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија министерот...

Шекеринска за снимките на екс директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев кои денеска излегоа на јутјуб рече дека таа и слушала и гледала снимки и дека карактеристика било тоа што таа што ја гледаш не можеш да ја чуеш и обратно.

ШЕЌЕРИНСКА: ВМРО-ДПМНЕ освен национализам и фејк њуз 3 години ништо не им понуди на граѓаните

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Радмила Шекеринска и Александар Николоски. Шекеринска...