Македонија
Вести
Министерот за здравство Венко Филипче, ја потврди информацијата дека познатиот македонски водител и кантавтор Драган Вучиќ денеска починал на инфективната клиника по компликации предизвикани од коронавирус.
Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на оделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските, напиша Филипче.

Пациентите со одредени онколошки заболувања веќе нема да патуваат во Скопје на Клиниката за онкологија и радиотерапија и својата редовна доза терапија ќе може да ја примат во најблискиот регионален онколошки центар. Во регионалните центри во Битола, Штип и Тетово ќе се прима субкутана и таблетарна терапија, извести тој.
Во регионалниот онколошки центар во Битола, терапија ќе може да примаат пациентите од Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Прилеп, Македонски Брод, Демир Хисар и пациентите од селата и населените места околу овие градови.Во онколошкиот центар во Штип се распределени пациентите од Виница, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Радовиш, Свети Николе, Струмица, Неготино, Делчево и Валандово, и пациентите од селата околу овие општини.Кон регионалниот центар во Тетово се приклучуваат пациентите од Гостивар и Дебар како и селата околу овие општини.На Клиниката за онкологија и радиотерапија во Скопје, својата терапија ќе продолжат да ја примаат покрај пациентите од Скопје, уште и од Куманово, Велес и Крива Паланка.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.