-Заеднички се договоривме тоа да биде болницата „Мала Богородица“ – старата болница на Систина, каде може да се сместат 100 пациенти.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 ноември, 2020 16:14

ФИЛИПЧЕ: ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ ЈА ОПРЕМУВААТ БОЛНИЦАТА „МАЛА БОГОРОДИЦА“, ЛЕКУВАЊЕТО ТАМУ НА ТОВАР НА ДРЖАВАТА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, по состанокот со сопствениците на приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“, во изјава за медиумите истакна дека е постигнат договор и обезбеден е дополнителен капацитет од 100 кревети за третман на ковид пациенти. Станува збор за ресурси коишто државата ќе ги користи од приватните болници.

-Заеднички се договоривме тоа да биде болницата „Мала Богородица“ – старата болница на Систина, каде може да се сместат 100 пациенти.

Целосно ќе бидат опремени од сите приватни болници со нивни заеднички договор. Од таму ќе биде обезбеден и кадар и материјали. И за сето тоа соодветен надоместок согласно постојните закони ќе плаќа државата, потенцираше Филипче и додаде дека дополнителниот капацитет од 100 кревети ќе бидат на располагање некаде на крајот на неделата.

Во рамки на целосното опремување на болницата „Мала Богородица“., треба да се инсталира кислород, што ќе биде готово за неколку денови и треба да се донесе опремата којашто физички не е таму.

Секој ќе партиципира согласно можностите, согласно големината, согласно капацитетите. Така што, тој број од 100-тина кревети верувам дека во следниот период којшто доаѓа ќе биде сосем доволен оваа криза да се изменаџира“, посочи Филипче и додаде дека граѓаните нема да сносат дополнителен трошок, односно ќе биде на трошок на државата. Кадарот ќе биде целосно од приватните болници.

Министерот Филипче информираше дека и во нашите болници има доволен број кревети, што е заклучок од координацијата со директорите на клиниките и ГОБ „8 Септември“, а во секојдневна комуникација исто така е и со директорите на клиничките и општи болници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Регистрирани сe 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 3,0% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.089; 45,4%), со неделна инциденца – 176,3/100.000.

ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ОД 11 ДО 17 ЈАНУАРИ, 2021Г: НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА НОВИ ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ И ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ, ЗГОЛЕМЕН БРОЈ ОЗДРАВЕНИ ЛИЦА

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 11 до 10 јануари...

Донацијата се состои од инфузиони пумпи за правилно дозирање терапија и венвјуери за скенирање на вени кај критични новороденчиња.

Амбасадата на Израел донираше апарати за критичните новороденчиња на детската клиника

Нашите најмали ја заслужуваат најдобрата здравствена заштита и нега. Денеска, амбасадата...

Министерот Филипче истакна дека Светската здравствена организација се покажа како еден од најсериозните и најголеми партнери од почетокот на ковид кризата, како и во претходниот период на други полиња на соработка.

СЗО ДОНИРАШЕ ТРИ БИОСЕЈФТИ КАБИНЕТИ ЗА ИНСТИТУТОТ ПО СУДСКА МЕДИЦИНА И ИНСТИТУТОТ ЗА МИКРОБИОЛОГИЈА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, шефицата на Канцеларијата на Светската...