Сообраќајот не е загадувач број еден, но проблемот континуирано се влошува. Граѓаните не само што не возат помалку, туку во Македонија за 4 години бројот на автомобили е зголемен за речиси 60.000.

Објавил: Македонка Димкин | 4 декември, 2018 16:44

Филипче: Само хрoнично болните ќе добијат маски, другите, ќе чекаме да се заболат?

Фото/Текст извор: ©архива / магазин

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека 43.000 хронично болни треба бесплатно да добијат маски за заштита од аерозагадувањето. Филипче смета дека маски треба да добијат и децата, но сѐ уште се работи на утврдување на нивниот број и начинот на којшто би се делеле.

„Со Министерството за животна средина веќе утврдивме дека маските не го решаваат проблемот, но сепак се некаква форма на заштита“, изјави министерот за здравство.

Тој посочи дека веќе имале комуникација со Министерството за животна средина и просторно планирање и апсолутно се согласни дека тоа не ја решава причината, но дека треба и мора да најдат начин да ги дистрибуираат маските, бидејќи, како што рече, сепак тоа е некаква форма на заштита.

Поради големото аерозагадување, Министерство за животна средина и просторно планирање денеска на граѓаните по којзнае кој пат им препорачува да не користат прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал и правилно да ги користат печките за дрва. Освен тоа се препорачува и користење на јавниот превоз и да не се користат возила без поголема потреба.

Сепак факт е дека загадувањето во Скопје е последица од домаќинствата кои како огрев користат дрва и некои  други материјали  и не можат да си дозолат да се грет на парно или гас кој го немаат, а да не зборуваме пак за  фабриките кои преку ноќ согоруваат штетни материи. За тоа се свесnи сите но, нажалост оваа тема секогаш се актуализира токму тогаш кога ќе дојде зимата и проблемот ке биде ичигелден.

Освен Скопје и Битола, и Тетово e на листата на најзагадените градови во Европа, но, на кого му е грижа кога во моментов владата се занимава со промена на вековното име Македонија и тотално му го врти грбот на својот народ, наместо да се занимава со слоганот „ЖИВОТ ЗА СИТЕ„ ско кој скандалозно го излажа и онака осиромашениот народ!

Сообраќајот не е загадувач број еден, но проблемот континуирано се влошува. Граѓаните не само што не возат помалку, туку во Македонија за 4 години бројот на автомобили е зголемен за речиси 60.000.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Иако денеска повеќето од нас користат ибупрофен за главоболка, забоболка, болки во грбот и слично но сепак лекарите предупредуваат дека може да биде и штетен. 

Внимавајте: Лекарите предупредуваат дека ибупрофенот е штетен по здравјето

Лекарите предупредуваат дека Ибупрофенот може да биде опасен за срцето по 40-тата година...

Овој чај кој е комбинација од неколку зачини е делотворен поради комбинацијата од зелен чај, ловоров лист и цимет.

Чај за слабеење на природна база -намалете ги килограмите за само 10 дена

Летото е на прагот а сон на секој од нас е да изгледа прекрасно на песочните плажи. Доколку...

Научниците велат дека најдобро е чоколадото да се јаде наутро, со цел да останеме концентрирани а и мозокот подобро работи во текот на денот доколку наутро примиме одредена доза на шеќери.

Не треба да се откажувате од чоколадото, треба да знаете кога да го јадете

Научниците дадоа зелено светло за јадење на чоколадото. Тие велат не треба да го исфрлите...