По завршувањето на денешното судење Камчев објасни зошто во средбите се споменува и Венко Филипче. Неговиот одговор забележливо се совпаѓа со одговорот на Филипче за Нова ТВ во делот на пропадната бизнис понуда.

Објавил: Весна Петровска | 6 декември, 2019 18:19

ФИЛИПЧЕ СЕ ОГЛАСИ ЗА СРЕДБАТА СО БОКИ 13: Да, бев во домот на Јовановски!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Министерот за здравство Венко Филипче ги потврдува наводите на бизнисменот Орце Камчев изнесени на денешното рочиште за случајот „Рекет“ дека во домот на првообвинетиот Бојан Јовановски на 15-ти март се одржала средба на која присуствувал и тој.

–Средбата која се споменува во денешното судење за случајот „Рекет“ се одржа на барање на Бојан Јовановски на која јас и Орце Камчев бевме повикани да разговараме за некакво јавно приватно партнерство за болница која тој имал намера да ја прави, вели министерот Филипче во изјва за НоваТВ.

Од состанокот, тврди Филипче, не излегло ништо и друга средба потоа не се ни остварила.

Во вкрстеното испрашување Јовановски го праша сведокот Камчев за средба во неговиот со акцент на тоа „Кој министер присутвуваше?“. Иако прашањето го оцени како нерелевантно Камчев рече дека освен жената која чистела кај Јовановски и Зоран Милески Кичеец присуствувал и Филипче.

По завршувањето на денешното судење Камчев објасни зошто во средбите се споменува и Венко Филипче. Неговиот одговор забележливо се совпаѓа со одговорот на Филипче за Нова ТВ во делот на пропадната бизнис понуда.

Камчев потенцираше дека со Филипче одржал нормален состанок, бидејќи тие двајца биле пријатели долги години.

–Јас и Венко Филипче сме долги години пријатели. Тоа беше еден обичен состанок, а Бојан Јовановски бладаше, тресеше глупости. Сакаше да прави некакво јавно приватно партнерство за некаква болница, рече Камчев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Оние работи што ги истражувавме денеска укажаа на тоа дека многу наши граѓани кои имаат и друго државјанство брзале да се вратат за да не ги изгубат своите работни места, па во земјите во кои влегуваат ги користат тамошните пасоши.

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство,...

Пандемијата ги погоди речиси сите бизниси, но според членовите на Асоцијацијата, Владата различно ги третира државните и приватните установи за згрижување деца иако тие реализираат иста дејност и одговараат пред ист Закон.

Од приватните градинки алармираат дека ќе отпуштат 600 работници ако не добијат помош од државата

Стотици згрижувачки и друг персонал од приватните градинки ќе остане без работа, илјадници...

Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари.

ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ ГО ИСКОРИСТИЛЕ 245 ВОЗИЛА

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците...