Нови препораки има за трета доза на вакцина кај сите граѓани над 60 години, кај сите здравствени работници без оглед на возраста и кај сите со имунокомпромитирана состојба, рече Филипче кој појасни дека третата доза ќе биде од производителот Фајзер, а препорачливо е истата да се прими шест месеци по првите две дози

Објавил: Сара Фемина | 23 септември, 2021 12:38

Филипче: Се препорачува трета доза од вакцината против ковид-19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција посочи дека се препорачува трета доза од вакцината против ковид-19 за сите лица над 60 години, медицинските лица и пациентите со хронични болести.

Нови препораки има за трета доза на вакцина кај сите граѓани над 60 години, кај сите здравствени работници без оглед на возраста и кај сите со имунокомпромитирана состојба, рече Филипче кој појасни дека третата доза ќе биде од производителот Фајзер, а препорачливо е истата да се прими шест месеци по првите две дози!

Министерот рече дека денеска е надмината бројката на 700.000 кои се ревакцинирани против корона.

1500 -2000 лица дневно се јавуваат за прва доза вакцина. Верувам дека интересот за вакцнација нема да намалува се со цел за пократко време да стигнеме до колективен имунитет, порача Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 6починати лица од Скопје (85г, 85г, 80г, 75г,72г и 68), 2 починати лица од Велес (71г и 66г) и по едно починато лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г),Радовиш(67г), Куманово (90г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

395 нови случаи на ковид-19 – починале 14 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во...

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според порталот Врање њуз, прва доза вакцина во овој град е аплицирана на 13.657 македонски државјани, на 24.161 граѓанин на Врање и останати места во Србија и на девет државјани на БиХ.

Во Врање досега вакцинирани 13.657, а ревакцинирани 11.966 македонски државјани

Од почетокот на вакцинацијата, па до вчера, во Спортската сала во Врање се вакцинирани...

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, вчера се направени 4.962 тестирања, регистрирани се 344 нови случаи на Ковид-19, а починати се шест лица.

Има 6.967 активно заразени од Ковид-19, повеќето се од Скопје

Во текот на оваа недела забележан е намален број на починати лица од коронавирусот...