Венко истакна дека особено го радува тој податок, бидејќи за него секој пациент е важен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јули, 2020 10:55

Филипче: Се радувам за секој еден оздравен пациент!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вчерашната прес конференција, Министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека се намалува бројот на заразени пациенти од Ковид 19, а воедно и изјави дека вчера има оздравено рекорден број а пациенти, дури 230.

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на бројот на новозаболени и починати, а зголемување на бројот на оздравени лица во споредба со претходната недела на известување. Да ги почитуваме мерките за заштита од коронавирус. Да носиме заштитна маска, да одржуваме физичка дистанца и често да ги миеме рацете. Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба. Од самите нас зависи.

Венко истакна дека особено го радува тој податок, бидејќи за него секој пациент е важен.

„Имаме рекорден број на оздравени лица, 230. Искрено се радувам за секој еден оздравен пациент. Имаме и рекорден број на направени тестови, благодарение на нашата стратегија за зголемување на капацитетите на тестирање. Да ги почитуваме мерките за заштита! Со почитување на мерките, сме чекор поблиску до побрзо и полесно справување со ковид-19 вирусот. Да им помогнеме на нашите здравствените работници, нашите херои во борбата со вирусот. Да се грижиме за сопственото здравје, здравјето на нашите најблиски и да дадеме личен придонес во заштита на колективното здравје. Секој од нас е важен“, порача Филипче.

Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7406, бројката на оздравени пациенти е 3554, на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3493.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Како последица на тоа, тој предупреди дека светот се соочува со „генерациска катастрофа што може да доведе до губење на незамислив човечки потенцијал, да поткопа децениски напредок и да ги влоши вкоренетите нееднаквости”.

Гутереш: Пандемијата доведе до најголемо нарушување на образованието во историјата

Денеска Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации рече дека оваа...

Вчера во земјава беа регистрирани 74 нови случаи на ковид-19 , а на врвот е Скопје, со 14 заболени. Во главниот град до сега има 1.372 активни случаи на коронавирус.

Во овие два македонски града нема ниту едeн активен случај на коронавирус

Верувале или не во Македонија има и градови каде нема ниту еден заразен со вирусот...

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција до наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“.

Ќе ги отвори ли Грција конечно границите за македонските државјани?

Границите со соседна Грција и натаму остануваат затворени за сообраќај целосно до...

Веќе е речиси извесно дека училиштата во земјава, каде бројот на деца е многу мал ќе имаат редовна настава со секојдневно одење во училиште, единстевно што треба да договорат е како ќе работат оние училишта каде има огромен број деца во паралелките.

ШКОЛИТЕ СО МНОГУ ДЕЦА ВО КОМБИНИРАНА НАСТАВА, ОСТАНАТИТЕ РЕДОВНО ВО ШКОЛО?

Претставнивници од Министерството за образование и наука, денеска и утре на состанок...